Високите штикли будат желба за секс

visokite-stikli-budat-zelba-za-seks-povekjeВисоките потпетици прават ногата да делува издолжено и гламурозно, a не е тајна дека жените ги обожуваат. Дизајнерот Кристијан Лубутин...


...отишол чекор подалеку, па тврди дека еден обичен пар чевли може да има големо влијание на женското либидо.

visokite-stikli-budat-zelba-za-seks-1

Лубутин, кој дизајнира обувки веќе 20 години, верува дека со поставувањето на стапалата на штикла, дамата всушност се става себе си во потенцијална положба за оргазам, затоа што нејзините нозе се наоѓаат во положба каква што заземаат додека доживуваат оргазам.

- Женските чевли содржат елемент на заводливост, кој што не е присутен кај машките чевли.

Благодарејќи им на обувките, жената може да биде сексапилна, шармантна, духовита или срамежлива, додека мажот со чевлите може само да ја покаже својата економска моќ.

Дизајнерот исто така истакнува дека жените се среќни дури и ако носат неудобни обувки, сè додека изгледаат убаво. Тие се во состојба да се „заљубат“ во одреден пар чевли и без размислување да го купат, дури и ако во моментот не можат да си го дозволат тоа.

Писателката Даниела Стил наводно поседува 6.000 пара чевли, а актерката Блејк Лајвли во една прилика купила 40 пара чевли во еден ден. Викторија Бекам продолжи да носи Лубутинки на штикла дури и за време на бременоста, сè додека лекарот не и забрани подади проблеми со ‘рбетот.

visokite-stikli-budat-zelba-za-seks-2

Откако и продал неколку десетици пара чевли, познатиот дизајнер станал добар пријател со Викторија Бекам.

- Таа никогаш не се однесува како глушец кој се обидува да се сокрие. Има изграден став и енергичен настап. Поради тоа многу луѓе ја сакат и почитуваат – изјавил Лубутин.

Би можело да ве интересира:

Aнтониа Гиговска го обожава трендот кога долната облека се носи како дел од стајлингот (фото) Бралет или градник под сако... Моден тренд кој го обожава и Антониа Гиговска и с...
6 совети како да се облечете во зима за да изгледате одлично (и да не ви студи) Капут со крзно околу вратот, волнени наместо кожени ракавици... Како да се облеч...
И во елегантни, и во спортски комбинации: Кои познати Македонки обожаваат бунди? (фото) Марјана Станојковска, Лила Филиповска, Александра Весели Шијакоска се само дел о...
Облека и модни додатоци со кои си додавате години (ако не ги комбинирате правилно) Црните фустани се класика со причина, но поради контрастот што го создаваат, мож...
8 работи со кои лесно ќе ја освежите здодевната летна облека Капри панталоните никогаш не излегле од мода, но не им прилегаат на сите жени, б...
Викторија Лоба во розовите Birkenstock влечки кои ги носеше и Марго Роби во филмот „Барби“ (фото) „Ајде Барби, да одиме на забава“ - напиша на својот Инстаграм профил, Викторија ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тагата е нашиот најдобар учител. Човекот може да види подалеку низ една солза отколку низ телескоп. Жалоста треба да биде инструктор на мудрите.
Лорд Бајрон (1788-1824)