Таксират 13 - онлајн карти

taksirat-13-onlajn-karti-povekjeЗапочнува продажбата на влезниците за овогодинешното фестивалско издание на Таксират. Новината во овогодинешната продажба е online продажбата...


...на карти која стартува во среда, 26. октомври. На интернет адресата mktickets.mk посетителите на Таксират за првпат ќе имаат можност online да нарачаат влезница.

Online постапката за купување влезница е во неколку едноставни чекори. Потребно е корисникот да се регистрира на mktickets.mk и откако ќе го одбере бројот на влезници кои сака да ги купи добива пополнета уплатница која може да ја плати преку e-banking или во најблиската пошта или банка, по што автоматски на својата e-mail адреса ја добива влезницата за фестивалот која треба само да ја испечати на било кој домашен принтер, на обична хартија во A4 формат. Ова е најлесниот начин од дома да нарачате влезница за Таксират.

Како и секоја година најбрзите фанови ќе имаат и најефтини влезници. Првите 1000 влезници ќе чинат 600 денари, вторите 1000 - 800 денари, наредните 1000 денари, додека на врата влезницата ќе чини 1200 денари. Продажбата на влезници ќе започне и во Србија на Gigstix, како и во Бугарија на Ticketstream. Физичката продажба на влезниците стартува на 1. ноември во продажната мрежа на mktickets.mk.

Оваа година Таксират off програмата започнува на 25. ноември, a главната фестивалска вечер ќе се одржи на 3. декември во Метрополис арената.

taksirat-13-onlajn-karti

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Направи го тоа што можеш, со тоа што го имаш, таму каде што си.
Теодор Рузвелт (1858-1919)