Startup Weekend Скопје vol.2

startup-weekend-skopje-vol2-povekjeНа Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) од 11-13 Ноември 2011, во организација на ПСМ Фондација ќе...


...се одржи настанот Startup Weekend. Тоа е интензивен 54 часовен настан кој се фокусира на креирање на мобилни или интернет базирани решенија кои би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис.

За време на викендот се создава панел од луѓе со различни профили и знаења - првенствено развивачи на софтвер, графички дизајнери и бизнис-економисти, со цел да се креираат продуктивни апликации со комерцијална стратегија за нивно имплементирање.

Учесниците кои ќе аплицираат имаат 60 секунди да одржат воведен говор, по изложувањето на идеите се формираат тимови за најдобрите идеи, а потоа тимовите ја оформуваат идејата во прототип на производ кој би можел да прерасне во компанија или проект.

На крај, викендот кулминира со демонстрација пред членови од комисија и потенцијални инвеститори. Најдобриот тим ќе биде награден со 4iPad 16GB донирани од Владата на Република Македонија преку проектот Осмели се!, 10 часа консалтинг и обуки од ИТЦ Консалтинг.

Овој настан се организира во Скопје по втор пат, при што на изминатиот настан одржан од од 24- 26 Јуни 2011, 52 млади ентузијасти групирани во 9 тимови, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот.

Победничкиот тим составен од 4 млади таленти на возраст до 23 години беше носител на идејата Pocket Discount - геобазирана мобилна апликација, генератор на производи на попуст во супермаркетите.

Повеќе информации можете да добиете на http://skopje.startupweekend.org/.

startup-weekend-skopje-vol2

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Надежта е мостот што нé води подалеку од губитокот и неуспехот.
Шарлота Греј