Шминката го открива карактерот

sminkata-go-otkriva-karakterot-povekjeИталијанските психолози направиле интересна студија за поврзаноста на разубавувањето и карактерот на личноста. Еве до какви...


...резултати дошле:

Дамите кои воопшто не користат шминка испраќаат јасна порака дека сакаат да бидат прифатени и да ги сакаат такви какви што се, без „маска“.

Жените кои постојано се гледаат во огледало и проверуваат дали со ружот или маскарата е сe' во ред се многу амбициозни, но и несигурни, па премногу важност му придаваат на туѓото мислење.

sminkata-go-otkriva-karakterot-1

Оние кои ги шминкаат само очите сакаат да стават акцент на својот интелект, додека дамите кои ги истакнуваат исклучиво усните покажуваат страст.

Доколку шминката е речиси незабележителна, психолозите тоа го толкуваат како страв од стареење и желба да се сопре времето. Тој начин го практикуваат дискретните личности кои патем обожуваат тајни.

Што зборуваат за нас лакираните нокти?

Дамите кои секогаш имаат лакирани нокти на рацете и нозете ја нагласуваат својата „мачкаста“ односно женска природа.

sminkata-go-otkriva-karakterot-2

Оние кои ги лакираат само ноктите на рацете сакаат да имаат се' под своја контрола, а доколку им е важно да им се лакирани само ноктите на нозете, тоа ја покажува желбата да се допаднат во сексуална смисла.

Исклучително долгите нокти покажуваат егоцентрична природа.

Жените кои најчесто користат бел лак се нежни и срамежливи, додека црвените тонови откриваат романтична личност. Оние пак што најмногу сакаат безбоен лак се уредни личности.

Би можело да ве интересира:

8 модни грешки поради кои веднаш ќе изгледате постаро отколку што сте навистина Можеби ви стои убаво, но кафеавата боја „додава години“. И ја следи репутација н...
Која е младата грофица што ги засени и најубавите жени на Модната недела во Милано? Изгледа како бунтовна и модерна Грејс Кели, а никој не останал рамнодушен на неј...
Модни утки и погодоци - Што носеа ѕвездите на Governors Awards 2024? (фото) Пенелопе Круз, која важи за жена со префинет стил, овој пат потфрли со бел фуста...
Даниела Ѓуровска е една од најдоброоблечените трудници во Македонија (фото) „Бременоста ми е ролеркостер од нови емоции, многу апетит, поразлично самоосозна...
Александра Шијакоска во совршено модно издание на свадба со сопругот – блесна во фустан достоен за н... Елегантни и префинети, инфлуенсерката Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Ед...
8 модни правила со кои жителките на Лондон блескаат и на лошо време Жените во Лондон сакаат рацете да им се слободни, па затоа носат чанти кои се но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Радоста не е во предметите. Таа е во нас.
Рихард Вагнер (1813-1883)