Хороскопските знаци и начинот на додворување


Хороскопските знаци и начинот на додворување

Ако верувате во тоа дека сè е запишано во ѕвездите, погледнете го астролошкиот приказ за 12-те хороскопски знаци. Тие ќе ви помогнат да дознаете како се однесуваат кога се заљубени и кои методи на заведување ги применуваат.

horoskopskite-znaci-i-nacinot-na-dodvoruvanje-01.jpg

Овен

Тој: Како роден освојувач, тој не врти многу, а очите му светкаат штом здогледа потенцијален „плен“. Не бира многу ниту место, ниту време, затоа што е премногу нетрпелив, па во напад тргнува истиот момент кога ќе ве здогледа. Директен е, шармантен, отворен, ќе ве засмејува со вицови и детали од својата биографија, сè додека не се согласите повторно да се видите со него (по можност уште истата вечер).

Таа: Исто така директна и секогаш подготвена да го заведе и освои оној што ќе и падне во око. Ќе го фати за вратоврска (ако ја носи) или брада, нежно ќе го привлече кон себе и ќе му рече со најшармантната насмевка на светот: „Ти си мој!“ Ако додворувачот и се допаѓа, ќе го пушти малку да се „крчка на тивок оган“. А потоа ќе му дозволи да ја освои. Доколку сте и досадни, тоа недвосмислено ќе ви го стави до знаење, така што со жената Овен секогаш сте на чисто.


Бик

Тој: Обожува да ве мерка, заведува, додворува и така да ве освојува - пополека. Задолжително ќе ве однесе на ручек, или вечера во својот омилен ресторан каде што сите го познаваат, ќе одбере најквалитетни специјалитети и најдобро вино, а цело време нема да симнува очи од вас, па на крајот ќе му јадете од рацете. Околу вашата маса ќе ги викне музикантите кои ќе пеат и свират ваши песни, а од продавачот на ружи ќе ги купи сите ружи – само за вас.

Таа: Одбира кому ќе му дозволи да се труди околу неа, да ја заведува и освојува. Неговиот изглед, шарм, став, однесување и џентлменски манири нема да ја остават рамнодушна, но затоа на оној што и досадува умее вешто да го откачи. За да и се допаднете на жената Бик, треба да имате самодоверба и пари, а при тоа да умеете и да ја заведете со поглед и допир.


Близнаци

Тој: Неодоливо забавен, шармантен и толку информиран за сè, што ви доаѓа да го земете за рака, да го однесете дома и да им го преставите на домашните за да ги шармира и нив исто како вас. И додека вие го доживувате како потенцијално домашно галениче, тој веќе завршил половина работа во својата заводничка дејност, додека вие насмеани ја читате неговата порака на својот мобилен, веќе сте во неговата прегратка.

Таа: Изгледа како девојче, а често пати така и се однесува кога сака да ве заведе и освои. Како камелеон, ги прилагодува своето однесување, гардероба, па дури и ставовите кон вашите, или кон оние што би ви се допаднале. Флертувањето е составен дел од нејзиниот карактер, иако бргу губи интерес кога ќе види дека сте „загризале“. Ако постојано и бегате, жената Близнак ќе трча по вас.


Рак

Тој: Ракот и се допаѓа и на вашата мајка и на вашата баба (за другарките и сестрите да не зборуваме), а вам ви поминува убаво чувство кога само ќе ве погледне со оние свои очи како верно кученце кое ви се радува кога ќе ве види. Навистина, ќе се наслушате приказни за неговото детство, бабите, дедовците, тетките, колачите, што нема да му пречи, додека зборува за нив, занесено да гледа во вашето деколте. И кога во друштво во кафана ќе наздравува, бидете сигурни дека и тогаш размислува за вас.

Таа: Умее со секој маж, може да заведе и да освои кого и да посака, само ако сака. Женствена и грижлива, полна со разбирање и предизвик во исто време, ќе се потруди да уживате во погледот на неа исто колку што ќе уживате додека се сладите со тортата и колачите што ќе ги направи само за вас. Кога ќе ви зборува за децата на својата сестра и за нивните подвизи, ќе сфатите дека таа е вистинската жена за вас.


Лав

Тој: Лавот ќе се потруди да ве плени уште на првата средба со своите успеси на школските натпревари, спортскиот терен и како клинците од маало му се восхитуваат. Ако по некоја случајност ги прашате кој знак се, бидете сигурни дека ќе ви одговорат со: „А зарем тоа не се гледа?“. Џентлменските манири и чувството дека сите погледи се вперени кон вас кога сте со него, ќе направат покрај Лавот да се чувствувате како да сте на врвот од светот.

Таа: Плени со атрактивната појава, позата и ставот во кој ќе препознаете и малку глума и малку блеф, а сето тоа неодоливо ќе ви се допадне до таа мера што со восхит ќе го слушате дури и тропањето на нејзиниот накит. Сеедно дали косата ја собрала, или ја пуштила слободно да и паѓа по рамениците, таа својата глава ја држи како на неа да има круна. И тоа со невидена леснотија како да е нешто сосема природно. Иако ужива во восхитот на додворувачите и обожавателите, ќе ви дозволи да ја освоите само ако таа процени дека сте вредни за нејзиното внимание.


Девица

Тој: Девицата уште при првата средба ќе се потруди да ве восхити со познавањето на повеќето теми од областа на науката, економијата, автомобилизмот, градежништвото, но и со практичните детали од секојдневниот живот. Ќе ви објасни како да е тоа нешто најнормално на светот дека коцката мраз која случајно ја допрел ставајќи ја во вашата чаша, не може да биде извор на ниту една зараза поради својата ниска температура. Трпеливо ќе ве слуша додека му се жалите поради ниската плата и недоразбирањето со вашиот шеф, па многу бргу ќе сфатите дека верната Девица ќе биде тука секогаш кога ќе ви треба.

Таа: Прекрасна е, зборлива, по малку воздржана што прави да го заинтригира спротивниот пол, често манекенски градена, па лесно ги заведува и освојува мажите во кои се раѓа желба да ја сочуваат само за себе. Умее долго и внимателно да ве слуша додека и зборувате без разлика на која тема, а особено е чувствителна на туѓа мака и проблеми, па кај неа секогаш ќе имате рамо за плачење.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сите хороскопски знаци во банка: Кој смирено чека, а кој е „само за да праша“? Колку пати нервозно сте чекале и гласно сте дишеле од неверување, додека сте чек...
Како се однесуваат хороскопските знаци во соба која нема клима? Што е најлошо нешто во лето? Кога е премногу жешко. А што е уште полошо? Кога ст...
Една важна лекција која можете да ја научите од секој хороскопски знак Секој од знаците поседува исклучително позитивни квалитети кои ги рефлектира врз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg