Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот?

Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да бидете доволно добри во тоа што го работите иако давате сѐ од себе.

koj-e-vashiot-najgolem-potisnat-strav-za-koj-ne-ste-svesni-nitu-samite-spored-horoskopot-01.jpg

Постојат голем број фактори што можат да ни причинат страв или параноја, а според астролозите, ирационалните и потиснати стравови за кои ниту самите не сме свесни може да се предодредени со хороскопскиот знак и неговите карактерни особини.

Кој е вашиот најголем потиснат страв и што е она што ви го предизвикува?

Прочитајте во продолжение:

Овен

Вие сте големи љубители на авантури, полни сте со енергија и сакате да го живеете животот во полн здив, но малкумина знаат дека потајно трагате по внатрешен мир и сигурност.

Вашиот најголем страв е дека луѓето нема да ги ценат напорите што ги вложувате и дека сите комуникации, пријателства и врски однапред ви се осудени на пропаст.

Затоа многу често на сите пријателства им пристапувате како да имаат рок на траење и не се ни обидувате да дадете сѐ од себе.

Бик

Јасно е дека вие секогаш сте ориентирани кон целта и дека сте доверлива личност на која секој може да се потпре.

Но, токму оттука произлегува вашиот најголем страв, затоа што речиси секогаш размислувате дека работите нема да ви одат според плановите и дека ќе мора да правите нешто што не сакате или за што не сте подготвени.

Се плашите од чувството на несигурност, непостојаност и од тоа што понекогаш знаете дека не можете да имате целосна контрола врз работите што ви се случуваат.

Близнаци

Лесно ги изразувате вашите емоции и чувства. Секогаш го зборувате тоа што го сакате и тоа што го мислите.

Креативни сте и полни со идеи, но се плашите дека нема да можете да ги следите сопствените соништа страсти.

Не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да бидете доволно добри во тоа што го работите иако давате сѐ од себе.

Рак

Мошне сте чувствителни како личности и заради тоа имате неверојатна дарба за сочувство и да ги разберете емоциите на другите луѓе.

Сепак, најголемиот страв ви е дека луѓето нема да ве прифатат такви какви што сте и дека ќе ве отфрлат.

Кај вас секогаш постои чувството дека не сте доволно добри и дека луѓето нема да ги препознаат вашите искреност и емотивност.

Лав

Самоуверени сте и подготвени да се соочите со сите предизвици во животот. Работите напорно за да го изградите сопствениот авторитет и да покажете дека сте најдобри на секое поле.

Токму затоа, секогаш се плашите дека вашиот труд ќе помине незабележано, а луѓето нема да знаат да го ценат или да го почитуваат тоа што сте го постигнале.

Секогаш стравувате дека животот ќе ви помине и нема да ја добиете славата што верувате дека сте ја заслужиле и почитта во општеството за која напорно работите.

Девица

Организирани сте и секогаш го одржувате зборот што сте го дале. Луѓето знаат дека можат да се потпрат на вас и дека никогаш нема да ја изневерите нивната доверба.

Но, најмногу се плашите од неред, хаос и од тоа дека некој ќе дојде и ќе ви ги наруши сите добро организирани планови.

Иако се трудите да бидете тука за сите, потајно стравувате дека луѓето нема да бидат тука за вас и дека нема да ви кренат слушалка во моментот кога вам најмногу ќе ви бидат потребни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Стравот поради кој не сте среќни и успешни, според хороскопскиот знак (и како да го надминете) Риби, сакате да мечтаете и да се „губите“ во вашите мисли, најмногу бидејќи ви е...
Од што се плашат хороскопските знаци кога се во врска? Девица - Вие се плашите дека кога ќе го ставите срцето некому на дланка, тој/таа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg