Љубовен хороскоп за август 2024: Лавови – во врската ќе се разгорат емоции за трета личност

Зафатените Овни ќе наидат на бурни односи во првата половина од месецот и загриженоста ќе биде постојано присутна, а и за Раковите љубовниот живот ќе се поистовети со бојно поле. На кого ќе му се посреќи во љубовта во август 2024?

ljuboven-horoskop-za-avgust-2024-lavovi-vo-vrskata-kje-se-razgorat-emocii-za-treta-lichnost-01.jpg

Љубовното поле во месец август за многу хороскопски знаци ќе биде бурно и турбулентно. 

Некои со мака ќе ги зајакнат односите, други ќе сфатат дека не вреди да се борат за некоја личност, а трети ќе уживаат во врски без обврски. 

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за август 2024:

Овен

Ако сте во врска:

Зафатените Овни ќе наидат на бурни односи во првата половина од месецот и загриженоста ќе биде постојано присутна. Втората половина на август пак, ќе ви донесе подобра комуникација, меѓусебно разбирање и договарање на некои планови. Можеби романтиката веќе е намалена, бидејќи ќе бидете фокусирани на материјални работи и градење цврсти темели за подобра иднина.

Ако сте слободни:

Слободните Овни ќе бидат активни на љубовно поле и овој месец, како што се очекува да биде и во текот на цела година. Сепак, првата половина на месецот ќе биде пасивна и нема да ви донесе ништо интересно и значајно за да трошите време на безвредни авантури. Подгответе се добро за втората половина од месецот која ќе биде исполнета со страсти и привлечност од сродни души.

Бик

Ако сте во врска:

Биковите во текот на месец август ќе бидат најмногу посветени на љубовниот живот, а емоциите ќе бидат силно изразени. Подготвени сте да решавате проблеми и недоразбирања, со цел да го постигнете најдоброто што ви го нуди животот. Ќе донесете некои одлуки кои ќе влијаат на долгорочен план за заедничката иднина. Можни се тензични ситуации во текот на процесот, но ситуацијата ќе се смирува и нема да ескалира.

Ако сте слободни:

Биковите пак, кои се слободни, може да очекуваат да се родат симпатии со колега, соработник или деловен партнер. Љубовта понекогаш доаѓа на најнеочекувани места. Сепак, во фаза сте во која ви е значајна стабилноста на партнерот, па токму затоа го барате на места каде што очекувате да најдете личност која е целосно изградена. Бидете отворени за истражување и неочекувани понуди.

Близнаци

Ако сте во врска:

Припадниците на овој знак кои се во врска, во текот на месец август ќе бидат фокусирани на подобрување на комуникацијата и наоѓање компромиси и решенија, наместо создавање проблеми со недоразбирања. Сите прашања кои биле спорни во минатото, решете ги сега и извадете ги сите карти на маса. Освен разговори, правете често заедно работи во слободно време и одете на заедничко патување каде целосно ќе се препуштите еден на друг.

Ако сте слободни:

Летото е време за авантури, па очекувано е тоа што на Близнаците кои се слободни, им се предвидува да ја пронајдат својата љубов на патување. Бидете отворени за секакви понуди, истражувајте го непознатото и препуштете се на страстите, со доза на внимание. Приватниот живот и проблемите може да ви го одземаат целиот фокус, но правете баланс и опуштете се.

Рак

Ако сте во врска:

Љубовниот живот овој месец може да се поистовети со бојно поле за припадниците на овој знак. Од вас ќе се очекува многу, но не ви се допаѓа начинот на кој тоа се спроведува. Ќе владее тензија во односите која ќе ви ја црпи цела енергија и ќе ви ја одземе желбата за љубов и романтика. Но, ова ќе се промени во втората половина на месецот, кога работите ќе се свртат во ваша корист и ќе дојде до пресврт. Силните врски ќе станат посилни, а оние кои се засновале на страсти, ќе се распаднат.

Ако сте слободни:

Вашите емоции ќе бидат ставени на тест овој месец и може да наидете на ситуации во кои ќе се прашувате дали чувствувате нешто за личност на која претходно не сте гледате со љубовен жар. Можно е да влезете во врска која ќе биде трајна и ова да биде пресуден период за вас, исто како и за зафатените Ракови. Но, доколку гледате дека нешто не е во ред, не давајте премногу шанси и лесно отпуштете ги работите да станат дел од минатото.

Лав

Ако сте во врска:

Семејството, домот и односите со најблиските ќе ви бидат голема преокупација во текот на месецот. Токму тие проблематични односи може да ви донесат нерасположение и потреба да се истурате на партнерот кога сте нервозни, но мора да преземете нешто и да го прекинете тоа. Не се борете еден против друг туку заедно против сите и веќе во втората половина на месецот тензијата ќе се смири и љубовниот живот ќе ви стане похармоничен. Емоциите ќе ви се зајакнат, но внимавајте, можно е да се појават и емоции за трета личност...

Ако сте слободни:

Во текот на месец август среќата ќе им се насмевне на слободните припадници на знакот Лав. Ќе се активираат нови емоции и кај вас, исто како и кај зафатените Лавови, посебно во втората половина на месецот. Искористете ја енергијата која владее и впуштете се во врска со личноста која ве привлекува. Но внимавајте, склони сте кон личности на кои не можете да им одолеете на шармот, а однатре кријат сосема други карактеристики.

Девица

Ако сте во врска:

Љубовниот живот нема да ве остави раат уште некој период и ќе ви биде поле исполнето со оптоварувања и грижи. Неопходно е да ги решите проблемите и работите кои ги криете под тепих, за да избегнете прелевање на чашата и ескалирање на ситуацијата, како што знаете да избувнете. Разговарајте, а откако ќе се подобрат односите и ќе се смири тензијата, заминете на кратко заедничко патување, за да ја вратите страста и романсата во врската.

Ако сте слободни:

Незафатените Девици ќе уживаат во својата слобода овој август, но на некое патување може да запознаат личност која ќе ги заинтригира. Постои можност да влезете во врска иако воопшто не сте го очекувале тоа, но енергијата на личноста целосно ќе ве понесе. Сепак, може да наидете на некаква неискреност до крајот на месецот и да се разочарате.    

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Финансиски хороскоп за август 2024: Кои знаци ќе имаат проблеми со парите, а кои ќе се збогатат? Вага - Пред крајот на месецот не позајмувате пари никому, бидејќи постои голема ...
Кои хороскопски знаци ги очекува љубов до крајот на летото 2024? Ѕвездите ви се наклонети до крајот на летото, па некои Скорпии ќе добијат понуда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg