Каков татко ќе биде вашиот партнер, според месецот на раѓање?
Мажите родени во февруари се забавни татковци, додека оние родени во март се особено грижливи.

Ако сте во врска или брак и размислувате за дете, нормално е да се прашувате каков татко би бил вашиот партнер.
Иако ова е индивидуално бидејќи сите луѓе се различни, можеби неговиот месец на раѓање ќе ви даде некаква слика.
Каков татко ќе биде вашиот партнер според месецот во којшто е роден?
Јануари
Мажите родени во јануари се татковци кои се секогаш овде кога се потребни. Ако се случи да направат пропуст, тоа никогаш не е намерно и секогаш ќе најдат начин да се извинат и да ја поправат грешката.
Кога, пак, ќе ветат нешто, ќе направат сè во нивна моќ за да го исполнат.
Февруари
Мажите родени во февруари се навистина забавни татковци. Секоја ситуација ќе ја претворат во интересен момент бидејќи сакаат нивните деца да уживаат во животот.
Дури и во најлошите денови, знаат што треба да напраат или кажат за да измамат барем една насмевка кај нивните деца.
Март
Мажите родени во март се особено грижливи татковци. На нивните деца не им недостасуваат прегратки, комплименти и охрабрувачки зборови.
Важно им е нивните деца да знаат дека се сакани и ќе го покажуваат тоа со секоја постапка и гест.
Април
Мажите родени во април се секогаш искрени со своите деца, и во лошо, и во добро. Децата и партнерката никогаш нема да бидат несигурни што мислат, бидејќи не сакаат да кријат ништо, но и се во допир со своите емоции.
Не им е проблем и да заплачат пред своите деца и ќе ги научат како и самите да се справуваат со своите емоции.
Мај
Мажите родени во мај се грижливи и внимателни. Можат да забележат кога партнерката е под стрес и во овие мигови ќе остават сè друго за да ѝ помогнат.
Обрнуваат внимание и на емоциите на децата, па секогаш знаат како да ги утешат или расположат. Впрочем, делуваат како повеќе да ги познаваат децата и партнерката отколку себеси.
Јуни
Мажите родени во јуни навистина сакаат да се фалат за своите деца. Тие се воодушевени од буквално сè поврзано си нивните деца и со гордост раскажуваат за нив.
Навистина се среќни кога ќе станат татковци и сакаат оваа радост да ја споделат со сите.
