Моден хороскоп: Риби

Рибите се прилично сензуални дами, вечни сонувачи кои својата природа многу лесно може да ја изразат преку гардеробата која ја носат. Овие сами сакаат лесна, лелеава облека, светкави парчиња во сина боја, светлозелена, виолетова и тиркизна. Овие бои се како создадени за нив. Често жените Риби ја користат секоја прилика за да облечат свечен фустан или здолниште, за сметка на панталоните кои не ги сакаат баш.

moden-horoskop-ribi-01

Фетиш на типичните Риби се високите потпетици. Имаат бесконечен број во својот плакар, а хулахопките со необичен дезен и во различни бои обожаваат да ги комбинираат со чевлите. Овие жени знаат да се трансформираат со помош на облеката, соодветно на улогата која ја имаат и на каков вид забава или состанок присуствуваат.

Доколку им е потребно да ги сокријат вишокот килограми, овие жени многу добро го прават тоа, односно прекрасно се снаоѓаат со парчињата облека кои им одговараат на нивната фигура. Жените риби се секогаш средени, дотерани и неодоливи за околината. Едноставно умеат да ја комбинираат гардеробата како никој друг, да го одберат она што најдобро им прилега и да направат гламурозна комбинација од сосема обични парчиња облека.

Посебно им прилегаат големите огрлици кои се нивен заштитен знак, но покрај нив ги сакаат и големите впечатливи прстени со драгоцени камени во тиркизна боја. Често можете да ги сретнете украсени со многу марами и марами, но сепак ја задржуваат елегантната нота на облекувањето. Ноктите секогаш се истакнати со модерен лак. Целокупниот изглед на овие жени може да се опише како мистичен и неодолив.

Модни предлози за жените родени во овој знак:

moden-horoskop-ribi-1

moden-horoskop-ribi-2

moden-horoskop-ribi-3

moden-horoskop-ribi-4

moden-horoskop-ribi-5

moden-horoskop-ribi-6


Идеална модерна претставничка на жените Риби:

moden-horoskop-ribi-7

Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg