„Ќе те сакам сè додека…“ како ја завршува оваа реченица секој хороскопски знак?

Луѓе љубат - луѓе губат. Во љубовта како и во животот генерално има многу подеми и падови, но она „додека смртта не нè раздели“ очигледно е само филмска реплика и ништо повеќе.

Ke-te-sakam-de-dodeka-kako-ja-zavrzuva-ovaa-recenica-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Како изгледа црвената линија кај секој од знаците? „Ќе те сакам сè додека…“. До кога љубовта има рок на траење?

Дознајте до кој момент знаците ја нудат својата љубов, а потоа креваат раце:

ОВЕН

Ќе те сакам сè додека… не ме предадеш.

Овенот е знакот на господарот на војната, Марс. Секој ден за нив е нова борба за нешто. Подготвени се да се борат до последната капка крв.

Предавството за нив е преседан. Доколку им го свртите грбот или се здружите со некого и им одите контра мислењето, љубовта завршува тука.

БИК

Ќе те сакам сè додека… не ми го скршиш срцето.

Потребни се навистина многу лоши потези во една низа да го уништите срцето на Бикот. Тие се верни и стабилни и тешко може да се здобиете со нивната доверба.

Како најлесно ќе им го скршите срцето? Со неверство (очигледно), но и со критикување на нивниот изглед или дом. Доколку правите да се чувствуваат несигурно во себе, Биковите ќе ви кажат збогум.

БЛИЗНАЦИ

Ќе те сакам сè додека… не пробаш да ме надмудриш.

Сакате да играте ментални игри со Близнаците? Многу лоша идеја. Не може да му продавате сливи на сливарот.

Нивните умови работат многу побрзо за разлика од сите останати знаци, а „тиквата“ може да „пукне“ во моментот кога ќе се обидете да излезете попаметни од нив.

РАК

Ќе те сакам сè додека… не ме напуштиш.

Поимот заедница и самото друштво им е особено важно на Раковите. Тие сакаат да поминат и квалитетно време сами, но она што го бараат во љубовта е т.н. слатка посесивност.

Кога еднаш ќе ја изневерите нивната емоционална сигурност и ќе се почувствуваат напуштени од ваша страна, ништо повеќе нема да биде исто.

ЛАВ

Ќе те сакам сè додека… не направиш да изгледам како будала.

Лавот се грижи многу за својот имиџ и сликата која ја оддава во јавност пред другите. Мразат кога некој не ги почитува, кога се чувствуваат недоволно ценето, а особено кога некој ги навредува.

Кога партнерот ќе направи да изгледаат како некоја будала, особено во очите на другите луѓе, тука е крајот.

ДЕВИЦА

Ќе те сакам сè додека… не почнеш да ме лажеш.

Девиците се „децата“ на Меркур–мајстори во критикување и кажување вистини. Тие постојано знаат што се случува и детално го проучуваат однесувањето на другите луѓе, вклучувајќи го и она на партнерот.

Во оној момент кога партнерот започнува да ги лаже, љубовната игра е завршена.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg