Хороскопот ги открива знаците на неверство
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
монтер 18-01-2022


Хороскопот ги открива знаците на неверство

Секој што доживеал неверство од саканите знае колку може тоа да боли и сигурно ќе сака да се заштити од слично искуство. Иако сите астролошки знаци се подложни на неверство, секогаш постојат сигнали за можни искушенија во животот на партнерот, а следат и корисни совети како да се забележат, а потоа и елиминираат.

horoskopot-gi-otkriva-znacite-na-neverstvo-01.jpg

Овен

Ако енергичниот Овен се одлучи за неверство, тоа најверојатно ќе биде поради недостаток на возбуда во врската. Овните се спортски типови кои се секогаш подготвени за акција и ако не можете да го издржите нивното темпо би можело да ви се случи да продолжат без вас. Овните исто така имаат и его кој бара многу внимание, па ви препорачуваме да ги опсипувате со многу физичка нежност и редовно да го обновувате чувството на заљубеност.

Бик

Биковите се многу посветен знак, па ќе се одлучат за неверство само ако мислат дека партнерот не им е верен. Биковите можете да ги одведете на крив пат и со ветување на задоволство. Биковите ќе ги направите среќни ако им покажете колку ги сакате, телесно и емотивно – со многу интимни моменти, нешто домашно готвено и мали љубовни пораки.

Близнаци

Немирните Близнаци имаат потреба од интелектуално подржување за да останат со партнерот. Најлесно е да ги зграпчите. Ако Близнакот ве изневери, најверојатно се работи за залуденост, а не за телесна привлечност. Значи можни се интернет неверства кога обично се користи фантазијата. Обидете се Близнаците да ги спречите да залутаат и задржете ги само за себе со работи кои ќе ги тераат да размислувааат.

Рак

Нежните и чувствителни Ракови по правило не изневеруваат – освен кога се преосетливи. Една од најчестите причини за неверство е слабата самодоверба. Преосетливите Ракови кои не чувствуваат доволно љубов ќе побараат чувство на вредности и нежности на друго место. Затоа цврсто уверете ги своите Ракови колку ги сакате и колку ви требаат.

Лав

Лавовите, исто како и Овните, се огнен знак и тежнеат кон драма и возбуда. Лавовите исто така често сакаат да бидат во цернтар на внимание и најдобри во сè, па не е ни чудно што лесно можат да се задоволат со трикови и пофалби во кревет. Ако Лавот сепак ве изневери, немојте да се изненадите ако се работи за ваша помлада верзија - Лавовите ги привлекува млада енергија бидејќи стареењето им е болна точка.

Девица

Девиците се сериозни знакови и често можат да бидат прекритични дури и кон себе, но како и сите земјени знаци многу се приврзани и цврсто стојат, со двете нозе на земја. Девиците може да станат незадоволни ако ги критикувате или ако имаат чувство дека не им пружате доволно. Ако сакате да ги спречите Девиците да ве изневерат, морате да ги прифатите такви какви што се и да им го ставите тоа до знаење.

Останатите знаци се на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 работи кои треба да ги знаете пред да влезете во врска со Овен Официјално започна сезоната на Овен, а по тој повод откриваме неколку работи за ...
Стрелецот остава хаос во кујната и поплава во бањата – Иритантни особини кај секој од хороскопските ... Оставањето неред зад себе, несмасноста или доцнењето, иако навидум се мали нешта...
3 хороскопски знаци кои ќе ја најдат својата голема љубов оваа зима Ако сè уште не сте ја пронашле љубовта на својот живот, постои голема шанса ова ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg