Љубовта е сè, освен смисла на вашиот живот
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
kozmeticarka 12-12-2019


Љубовта е сè, освен смисла на вашиот живот

Љубовта прифаќа и оплеменува сè... откривајќи различни лица - слатка, лута, огорчена, болна, застрашувачки монотона... И навистина, љубовта е во сè што некогаш сте помислиле. И сè може да биде љубов.

ljubovta-e-se-sto-mozete-da-zamislite-osven-smisla-na-vasiot-zivot-01.jpg

Но, љубовта не е цел. Не можете да си поставите амбиции и цели само за да ја достигнете. Затоа што таа не е нешто што постои и зависи од вас, па побарува одредени стратегии, план и акции. На љубовта  ѝ се препуштате. Ја препознавате како емоција, ја чувствувате како состојба.

Љубовта не е спас. Ако барате спас во неа, најверојатно ќе пронајдете привремено место каде што ќе се скриете, а тоа не е спас, туку предизвик за вашето постоење. Љубовта нема да ве смири, освен на моменти.

Таа ќе ги ангажира сите ваши капацитети, не разликувајќи го капацитетот за храброст и за страв. Ќе ве преврти наопаку и ќе ве вознемири на секој можен начин.

Тоа е делумна појава. Ако ја пронаоѓате среќата во предизвиците кои таа ви ги поставува, тогаш да - се запознавате и зајакнувате себеси.

За жал, љубовта не е доволна. Љубовта не ви носи трпение, мудрост, зрелост, расудување, храброст и подготвеност. Ниту гарантира дека ќе биде возвратенa. Ниту дека ќе ја задржите.

Конечно, љубовта не е смислата на животот! Можеби се чувствувате дека не можете да живеете без љубовта и сонувате за тоа соединување со друга личност, за олеснување на маките и потрагата, за конечно лечење на сите разочарувања и горчината во вас. А, сепак живеете. Затоа што има и други нешта кои ве одржуваат.

Смислата на животот е во самиот живот, па вие размислете што ќе правите со него.

Не ја барајте љубовта, не ја барајте смислата. Ќе западнете во замки и дури тогаш ништо нема да ви биде јасно.

Секогаш барајте се само себеси!

Би можело да ве интересира:

За сите млади кои се чувствуваат изгубено во животот - Ви оди одлично,... Имате 20 години зад себе, но пред вас е целиот ваш живот. Ова, сега, е во ред. М...
Таа ѕвер жена, во најлошото најсилна што е, таа ми е гордост! Ја гледаат и ѝ се чудат од каде ја пронаоѓа волјата за борба. А јас сум горда шт...
Можеш ти жено сè што ќе посакаш, само немој да венееш покрај лошиот ма... Што сè постигнува една жена, знае само таа, иако често и не е свесна за своите м...