Мудра, неочекувана приказна од колега: Зошто постојано пишуваш со молив и гума?

Темпераментот кај луѓето отсекогаш ми претставувал една фасцинантна појава која е секогаш различна за секоја индивидуа.

mudra-neocekuvana-prikazna-od-kolega-zosto-postojano-pisuvas-so-moliv-i-guma-01.jpg

Луѓето како живи суштества се носители на различни размислувања и различни ставови за животот. Но, никогаш не ги сфатив оние кои се мирни, оние кои се повлечени и седат секогаш на страна.

Како  многумина според сите претпоставки и случувања секој би помислил дека се тие оние кои немаат што да кажат. Дека можеби нивниот живот не е исполнат со толку многу работи како оние кои постојано урлаат наоколу имајќи што да кажат. И како секој стереотип, грешев.

Беше некаде месец декември и ме заинтересира однесувањето на едно момче од нашата група. Тој секогаш беше повлечен, а изгледаше сосема нормално, секогаш беше на страна, а зборуваше само ако тој посака или ако има некоја важна работа да пренесе.

За разлика од нас останатите кои цело време се занимававме со празни муабети и бевме во постојана комуникација за сенешто.

На последното предавање кое беше толку досадно, јас имав мисија да дознаам што се крие зад завесата која тој ја повлекува за светот, иако искрено мислев дека не може да има нешто интересно, едноставно е повлечен, ќе нема што да ми каже, но не бев во право.

Првично ми одеше тешко бидејќи се обидов да направам муабет на секој можен начин и да дознаам она што сакав да дознаам, но не ми одеше од рака.

И му се обратив директно:

- Зошто си толку повлечен и отуѓен од околината?

На мое изненадување заинтересирано се заврте и на моето прашање врати со контрапрашање.

-А ти зошто постојано пишуваш со молив и гума?

Јас се насмевнав и одговорив дека така е полесно да го коригираш она што ќе погрешиш, без тетратката да ти биде нагрдена со чкртаници.

- Токму така, но тоа не го можеш со луѓето. Знам дека делува како јас да немам што да кажам или како да не сакам да бидам дел од околината која ме опкружува. Но, мојата повлеченост во општеството се моите гума и молив кои ти ги користиш да пишуваш и корегираш во тетратката. Со луѓето не можеш на тој начин. Тоа така не оди. Затоа претпочитам да седам на страна и да размислам, па потоа да дејствувам. Не се доближувам многу со луѓето се додека не сум сигурен дека нема да ме повредат, откако ќе се осигурам е друга приказна. Од истата причина не сакам ниту јас да повредам некого. Затоа одбирам кога и што ќе кажам или како ќе се однесувам. Бидејќи во животната приказна нема молив и гума има само папирус и перо. Еднаш штом е напишано и запечатено и нема назад. Затоа добро е да бидеш претпазлив. Всушност јас и ти правиме едно исто, но ти со материјалот за факултет, а јас со луѓето. Сакам средени работи, исто како и ти.

Се насмеав и го потапкав по рамото, ми станаа јасни многу работи.

И колку и да мразев што е така, ја обожавав неговата паралела со мојот молив и гума и неговата повлеченост. Си помислив колку може човек да погреши за карактерот на друг човек само поради банален стереотип.

Не дека го оправдувам, ниту моето пишување со молив и гума не го оправдуваат многумина, сите пишуваат со пенкало. Но, тоа е дел од она што сум јас и она што е тој. А ако бидеш верен на себеси, тогаш си на вистински пат.

Беше крај на предавање и почеток на викенд. Викенд за длабоки размислувања.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg