Зарем сме создадени за да бидеме толку расипани?

Во животот се трудев да бидам рационален, секогаш во обид да пронајдам логично објаснување за она што се случува наоколу.

zarem-sme-sozdadeni-za-da-bideme-tolku-rasipani-1.jpg

Најчесто не дозволував емоциите да пресудат за моите тешки одлуки и никогаш не дозволував нечие мислење да влијае врз мојот став. Живеев како тврд орев, колку и да беше тоа непрактично и колку и да значеше некаков хендикеп во секојдневието, јас верував дека е исправно, а во животот сакав да ги правам само работите кои сметав дека се исправни. Тоа не значеше дека се што правам е исправно.

Луѓето чекореа наоколу и некако како секој од нив да имаше проблем во сопствената глава и секогаш кога ќе се појавеше тој проблем страдаа оние кои најмалку требаше.

Општеството секогаш беше гласно, сите беа со тенденција да постигнат повисока фрекфенција на својот глас, да бидат слушнати, дури и кога немаа што да кажат, дури и кога зборуваа глупости. Некако целиот тој свет стануваше една суров игра во која мораше да победи оној кој најдобро ќе успее да изманипулира со останатите. Не оној кој е најдобар, не оној кој е посебен. Постоеа и исклучоци, но тие беа навистина ретки.

Според мојата теорија на секојдневното живеење тоа го препишував на карактеристиката позната како наивност или ете да кажеме добрина. Не се сеќавам дали можев да направам разлика помеѓу тие двете. Некако ако човек беше добар, тогаш беше и наивен, а тие двете со себе повлекуваа и други карактеристики кои бесчувствителните суштества не сакаа воопшто да ги поседуваат, бидејќи тие само го кочеа нивниот пат кон успехот. Не се сеќавам да постоеше крвожедна ѕверка со овие две почетни особини.

Ако некој би требало да суди, тоа беше неисправно, но пак ќе речам, од сечија гледна точка е различно, за оние кои знаеја да ги искористат сите начини за да го добијат она што го сакаат, тоа беше потполно исправно.

Прашањето кое ме мачеше додека го пиев попладневното кафе, а требаше да донесе баланс во светот, беше дали да се остварат соништата со пот, мака и енормно залагање или ако има можност да се игра валкано и да се избере полесниот пат кој ќе го донесе истот резултат за најкраток можен рок?

Сите имаа различни одговори, сите тргнуваа од различни убедувања, сите зборуваа на различен начин, заборавајќи да ја ислушаат тишината. Никој не се концентрираше да слушне што има во светот кога сите честички ќе застанат. Кога нема да има апсолутно никакво движење, кога се нема да биде толку гласно, напнато, толку сурово и толку нечовечно.

Никој не сакаше да остане сам, бидејќи беа исплашени да ја запознаат личноста која ја создале, затоа мораа да бидат толку гласни, што некако се римуваше со гнасни, нечисти, што можеби и не беше случајност.

Колку и да звучи чудно, луѓето ја мразеа тишината само затоа што беа исплашени од личноста која живее во нив, се плашеа да ги погледнат своите гнасни раце, некако кога имаше некој околу беше полесно, бидејќи повеќето или сите беа исти.

После сите тие успеси и сите начини кои ги оправдуваа, тие се плашеа да се запознаат себеси. Болно зар не? Како што горкиот вкус на кафето допираше до моите усни се прашував како наоѓаат начин да живеат без срам, без трошка совест и без грижа, плашејќи се од себеси, а оправдувајќи ги своите нечовечни постапки?

Зарем беше можно да бидеме создадени да бидеме толку... расипани?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Откако станав мајка, многу работи ми се пеколно тешки, но никогаш повеќе не сум се смеела до солзи Откако станав мајка добив таков огромен товар на неочекувани обврски и незамисли...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg