После река пролеани солзи сфаќаш дека можеш многу да издржиш

Луѓето отсекогаш ги интересираше мојата приказна, не затоа што мојата приказна беше нешто кој знае што, не беше воопшто посебна, но за многумина, барем оние љубопитните беше пикантерија за разбивање на нивната секојдневна досада.

posle-reka-proleani-solzi-sfakas-deka-mozes-mnogu-da-izdrzis-01

За себе немав што да кажам освен тоа дека бев на колца уште од своето раѓање, како искусен шофер, кој не побарал, а сепак добил возачката со самото раѓање.

Никогаш не го почувствував тлото под моите нозе, освен во обидите кога насилно сакав да ја напуштам таа количка со која бев поврзан уште пред да знам за било што на светот, но тие најчесто завршуваа со моето лице на подот.

Од моите дома не добив посебен третман, можеби тоа ме фрустрираше на почетокот, но тие ме тераа сите обврски, барем оние кои беа во моја моќ да ги завршувам сам, нешто на што бев благодарен подоцна.

Ја наместија, куќата за моите потреби и можев да правам сам скоро сѐ, дури и да се туширам или да си зготвам јадење. Ми беше достапен секој дел од куќата и ми беше овозможено сѐ за да живеам еден не толку различен живот.

Луѓето честопати знаеја да ме запрашаат, каде и кога наоѓам мотивација да издржам и зошто не сум се откажал од животот.

Јас само знам да се насмевнам, бидејќи тие немаат претстава што сè се случувало со моето тело и какви сè не мисли ми поминале низ мојата глава.

Многупати сум размислил да го прекинам тој живот, кој другите знаеја да го наречат мачен живот, но што потоа? Која беше користа од моето предавање, каков пример оставав јас за светот?

Со самата грубост на моите кон мојата состојба и нивниот третман како секој нормален на светот јас научив дека животот продолжува. Дека тие две тркала и мојата неспособност да чекорам не се пречка за остварување на моите соништа.

Силата која самиот ја влечев од себе како непотрошлив извор на енергија беше доволна за јас да го преживеам секој ден. Имаше моменти на слабост, имаше моменти кога го преколнував Господ, дури и го обвинував затоа што ме казни на таков начин, сметајќи дека не заслужувам.

Но, поминуваа...

Ги терав луѓето да престанат да го гледаат тој објект кој беше поврзан со мене и ги учев како да ја сакаат мојата личност, да ја запознаат мојата душа.

Во досегашното живеење успевав, чекор по чекор, колку и да звучи тоа иронично.

Знаев да зготвам вечера и да напишам убава поезија која ќе ја прочитам пред пријателите додека дегустиравме од богатата трпеза. Живеев за насмевката и среќата на другите предизвикана од мојата волја за живот.

Тоа беше вистинска причина која не се опишува...

Можеби не можев да бидам ѕвезда на фудбалскиот терен, ниту секси билдерот кој некој би го сретнале во теретана, но мојата приказна за борбата со она што не сум го заслужил беше инспирација за многумина околу мене.

Често мајка ми знаеше да заплаче и да ме запраша што би било ако сето тоа не се случеше.

Јас смирено ќе и одговорев дека ако тоа не било, немаше ни јас да бидам тој нескршлив карактер кој не се откажува.

Оној кој постојано се бори без разлика колку животот го гмечи и го тера да се откаже.

После река пролеани солзи сфаќаш дека можеш многу и физички и психички да издржиш.

Ако бидеш храбар да се избориш, ако најдеш сила и желба, ако во тебе постои тоа нескротливо суштество кое нема никакви комплекси, туку има сила за да разруши сè пред себе, тогаш ќе живееш среќно, без разлика кои се твоите ограничувања.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg