Ако нешто треба да платиш со својот мир - тогаш цената е прескапа

Единствени поболни удари од оние кои ни ги задаваат другите, се оние удари кои самите си ги нанесуваме.

ako-neshto-treba-da-platish-so-svojot-mir-toa-e-preskapo-01.jpg

Со самото тоа што копаме по болните спомени и разочарувања, не можеме да постигнеме целосен мир. Најтешки рани се оние од кои ништо не сме научиле и кои ни се повторуваат одново и одново - но за овие рани самите сме виновни.

Виновни сме затоа што немаме сила да си простиме, дури и кога сите други го направиле тоа за нас. Виновни сме и поради тоа што не мрдаме од место и претерано се грижиме за она што другите го мислат и зборуваат, а притоа ги игнорираме своите соништа.

Тешки се и оние рани во кои им дозволуваме на другите да се однесуваат кон нас онака како што сакаат, без ние да поставиме јасни граници за тоа.

Уште потешко е што веруваме во луѓето и понатаму, по сите разочарувања, мислејќи дека овојпат ќе биде поинаку, но пак дозволуваме да бидеме повредени.

Сето тоа се случува затоа што го жртвуваме својот мир во име на некои лажни надежи и ветувања, за да задоволиме некој кој не би го направил тоа за нас.

А потребно е само едно нешто - да бидеме свесни за својата вредност и да не се компромитираме себе за туѓи идеали. Сè што е помалку од тоа, значи и нови рани за нас, а тоа на никого не му треба.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...
Српски писател: „Девојка ми префрли 50 евра на сметка - разговорот со мене ѝ помогнал повеќе од псих... „Понекогаш сè што треба е да бидеш подготвен да се отвориш и луѓето да ти с...
„Зошто жените во брак го губат својот 'сјај' и стануваат тетки?“ Сепак, оваа „тетка“ е таа што се буди прва во домот, си легнува последна и често...
„Некултурата на мајка во Градски парк ме разочара - Скопје мое, каде погрешивме?“ Одејќи утрово накај работа, се разминав со млада мајка која туркаше насмеано дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg