Само затоа што имаш лоши денови, не значи дека имаш лош живот

Денес постои некој притисок од општеството дека во животот сè треба да ти биде на свое место. Но, реалноста е дека лоши денови се случуваат и тоа е сосема во ред.

samo-zatoa-shto-imash-loshi-denovi-ne-znachi-deka-imash-losh-zhivot-01.jpg

И додека некои денови најголем проблем ни е какво кафе да се напиеме наутро, други денови имаме огромни проблеми со кои не знаеме како да се соочиме и само сакаме да останеме во креветот, сокриени од светот.

Никој не е безбеден, иако понекогаш не успеваме да препознаеме дека и другите луѓе имаат маки како нашите.

Само затоа што некој ги крие проблемите, не значи дека тие не постојат.

Но, и во лошите денови мора да станете од креветот, да се истуширате, облечете и појдете на работа... Само така ќе успеете да задржите барем мала доза нормалност во тие бурни времиња.

samo-zatoa-shto-imash-loshi-denovi-ne-znachi-deka-imash-losh-zhivot-02.jpg

Кога имате лош ден не смеете да се осудите себеси дека сте неуспех. Сите имаат денови кога се чувствуваат дека не се доволно добри, сите направиле грешка, сите се судриле со сурова ситуација.

Но, секој ден не може да биде добар. И тоа е во ред. Ништо во животот не е совршено.

И само затоа што имате лоши денови, не значи дека имате лош живот.

Мора да бидете благодарни за сè добро што го имате во својот живот и да го цените мигот тука и сега.

Животот е постојано правење на баланс. Наместо да се затворате во себе, фокусирајте се на добрите мигови.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Александар Митевски за CRNOBELO лексикон: „Малку ми е незгодно кога во кафеана ќе засвират и некоја ... „Една работа за која се каам во кариерата се политички кампањи и политика. Со го...
Сара Климоска за CRNOBELO лексикон: „Во основно бев златно дете со сите петки, а во средно ме фатија... „Лажев дека одам кај другарка ми во истата зграда и облекував пижами преку облек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Марко Новески за CRNOBELO лексикон: „Девојче ме бакна во IV одд. со јазик - цела ноќ имав нагони на ... „Моето среќно место е куќата во Струга и тие детски денови во Езерски лозја поми...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg