„Промајата е сериозна работа, што е куќа без бормашина“ - 5 добри причини зошто да земете „типичен Балканец“ за маж

Низ интернетот кружат многу вистински приказни и сведоштва од жени кои иако не потекнуваат од Балканот завршиле во брак токму со „мажи Балканци“.

promajata-e-seriozna-rabota-sto-e-kukja-bez-bormashina-5-dobri-pricini-zosto-da-zemete-tipicen-balkanec-za-maz-001.jpg

И покрај тоа што ние како жители на полуостровот ги земаме понекогаш нашите мажи „здраво за готово“, тие сепак ги истакнуваат позитивните страни од овие врски, наведувајќи многу причини зошто е добро да си имате типичен Балканец за маж.

Проткаени со малку хумор, но и многу вистинити, ова се 5 добри причини да се одлучите на ваков чекор:

Ќе се облекувате топло, ќе си ја пазите половината и ќе ги научите смртоносните последици од опасната „промаја“

Немој да мислите дека мајките и бабите им се обраќале само на девојчињата со зборовите: „Не седи боса! Немој на цементот! Каде со таа гола половина? Ќе настинеш!“

И момчињата биле жртви на овие вербални трауми, па од толку многу повторувања нешто влегло во главите. Типичниот маж Балканец ќе ви укаже дека нема зијан од носење долна маица, и лето и зиме. Таа треба добро да се пикне во гаќите и половината да е целосно и добро покриена, во секое годишно време.

Без разлика колку степени има надвор, -10 или +30 навечер, добро е да се има барем чаршафче на себе, особено во делот на половината. Затоа што сите болести се од кичмата!

Што се однесува со смртоносната стапица наречена промаја, ќе научите да се плашите од неа како од ѓаволот. Промајата е опасна работа – во автобус, во автомобил, дома со дури 2 отворени прозорци на 40 степени. Промајата може да предизвика многу проблеми, од вкочанување на целото тело, до настинато грло, па дури и срцев удар. И немојте да правите шеги на оваа тема. Промајата е сериозна работа.

Маж кој растел во времето на комунизмот знае да ги цени работите, а ќе ги цените и вие

Ова можеби звучи многу здодевно за некои луѓе, но типичниот Балканец вообичаено ги знае разликите во цените (макар и од еден денар) од еден супер маркет до друг. Зошто пак да се даваат 100 денари повеќе за истите производи?

Заборавете на специјалните шампони и кафиња (кафе си е кафе и шампонот од коприва си е одличен). Кога нештата се расипуваат, балканскиот маж прво се обидува да ги поправи, наместо да ги фрли веднаш во кантата за ѓубре. Ова важи за куќните апарати, детските играчки, чевлите, речиси за сè во домот. И поголемиот дел од нив се навистина одлични во поправката на работите.

Секако, исклучоци има секаде, но типичниот маж од Балканот задолжително поседува кутија со најосновни алатки за домот, и секако бормашина. Бидејќи, што е куќата без бормашина?

Ќе слушнете нови, понекогаш збунувачки лекции за историјата

Луѓето од другите делови на светот најчесто се задржуваат на сопствената историја и ниту чекор подалеку. Мажите од Балканот прво ќе ви ја раскажат детално целата балканска историја, со посебен осврт на Балканските војни, двете светски војни, па ќе продолжат со освојувањата на Александар Македонски, Џингис Кан, повторно навраќајќи се на „болните точки“ од историјата на сопствениот народ што се протегаат до ден денеска.

Чија била таа територија некогаш, а кому му припаѓа денес? Ова секако не е ограничено само на државата во којашто живеете, туку на сите соседни држави кои ѝ припаѓале на Југословенската република. А да, со сигурност ќе се изнаслушате приказни за Југославија, за Тито и пунџата на Јованка.

Дел од приказните ќе ве збунат, понекогаш ќе се посомневате во нивната веродостојност и ќе се запрашате зошто е тоа пак сè уште толку битно? Најпаметно би било да си ги задржите овие прашања за себе.

Заборавете на свилени ракавици и пристојна учтивост, секогаш ќе знаете што точно мисли балканскиот маж

Ќе ви каже. Можеби не во првите 5 минути или 5 часови, но бидете сигурни дека до крајот на денот ќе ви каже што точно му лежи на душата. Дека (повторно) сте ја заборавиле отворена вратата на фрижидерот. Сè уште не сте ја пополниле даночната пријава. Дека сега тој е лут затоа што вие сте му се налутиле бидејќи повторно се задржал до доцна на работа.

Бидете подготвени на кавги и тоа бучни и гласни. Во нормалните држави во светот веројатно би ве пријавиле за семејно насилство. На Балканот тоа се вика „дискусија“. Ќе се научите дека тука се зборува (практично се вика) гласно за речиси секоја работа, и среќна и тажна, и (не)сериозна.

Сепак, истражувањата покажуваат дека паровите кои се расправаат почесто имаат поздрави и посилни бракови. Подобро е проблемите да се кажат јасно и гласно и да се работи на нивното решавање и пронаоѓањето компромиси, отколку да се буткаат под тепихот, да се преправаме дека ги нема, дека сè е во ред и никогаш да не зборуваме за нив.

Семејството е светост и најбитното нешто во животот

Доколку сте од оние луѓе кои не се премногу блиски со семејството, на Балканот едноставно ова нешто е невозможно. Прифатете го фактот дека неговото семејство ќе стане и ваше, а вашите свекор и свекрва ќе инсистираат да ги викате „мама и тато“. Секако, не сите се такви, но повеќето ги исполнуваат овие критериуми.

Помирете се со фактот дека ќе имате голема свадба, каде што ќе бидат поканети (и ќе дојдат) роднините до трето, па и до четврто колено. Прифатете го фактот дека секој поголем празник ќе го поминувате во кругот на семејството/фамилијата и ќе добивате по 30+ смс пораки за Божиќ, Велигден…

Ќе ви се зголеми и бројот на пријатели на Фејсбук, а речиси сите нови пријателства ќе бидат од фамилијата на сопругот. Бидејќи фамилијата е светост. И таа е тука и за добро и за лошо.

Ќе пропиете кафе, ракија и вино и ќе ја научите магијата на мезењето

Практично е невозможно да го поминеш животот на Балканот без да пиеш кафе, вино или ракија (или двете) и да не учествуваш во ритуалот наречен „мезе“ кој трае подолго отколку самиот ручек.

„Не пиеш кафе? Тоа е невозможно! Добро, ќе ти направам, ти не мора да го испиеш целото. Нека се фрли“. Од пуст срам и пристојност ќе го испиеш, а подоцна толку многу ќе се навлечеш на турско кафе, што ќе се прашуваш како си живеела претходно без него.

Ќе сфатиш дека на Балканот се пие ракија за добро утро, и дека таа служи за лекување на многу работи. Дека виното е можеби најдоброто што го има во светот и дека двете се „добри за здравјето“.

И конечно, мезето. Да се „замези“ е збор кој се употребува така невино, а всушност означува повеќе јадење отколку самиот ручек, па неретко ќе се прејадеш само од мезето кое трае и трае… и трае. Но, во тоа е убавината на животот, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg