Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Знаеш дека си роден во '80-те ако...

Денес децата живеат сосема поинакво детство. За 20 години се променија многу нешта. Денес знаеме да кажеме „Ех во наше време што убаво беше...“

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-001.jpg

Ова се однесува за сите оние кои го живееле своето детство во осумдесетите и деведесеттите.

Во што уживавме во тоа време?

1. Секое утро ја чекавме новата епизода на „Тропска горештина“.

2. Мобилен телефон беше дозволен само на возрасните, а оној кој имаше пејџер беше фаца. 

3. Игравме „на тапка“ и „џамлии“. 

4. Девојчињата играа ластик, цигари, штркот бара боја, плочка. 

5. „Сакате ли војна“ беше доживување. 

6. Собиравме албуми „Ав, ав“, „Space Jam“, „Барби“... 

7. Плачевме кога умре татко му на Симба. 

8. Мајките не викаа од пред врата за да се прибереме дома. 

9. Излегувавме во “МНТ“, „Мусандра“, „Булевар“, „Кабрио“, „Сабвеј“, „Уна“... 

10. Носевме „Phard“ и „Бенетон“. 

11. Сакавме да живееме како во „Беверли Хилс“ 90210.

12. „Дајте музика“ и „Бушава азбука“ ни беа омилени емисии.

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-003.jpg

13. Безгрижно си игравме по цели денови на улица, се каравме кој да биде во средина на „народна“

14. Заспивавме со „Мечето Ушко“ во 19 и 15.

15. Гледавме Cartoon Network по цел викенд.

16. Собиравме жетони тасо.

17. Авионите фрлаа летки, а ние се собиравме и викавме „Чичко пушти леткиии!“.

18. На трага од авион “Прва моја среќа“.

19. Лепевме постери од „М&М“, „Cioe“, „Bravo“.

20. Излегувавме на кругче.

21. Фризура со кремче беше хит.

22. На зимски распуст сите следевме „Зимска рекреативна програма“ .

23. Имаше опасно добра шема на лизгалиште.

24. Одевме на зимување во Крушево во Шуламина и Илинден.

25. Славевме Нова година во куќи и станови и не бркаа во 01.00 по полноќ затоа што правевме бељи, а и толку ни беше дозволено од дома.

26. Носевме комбинезонки од МакЏинс и фармерки цевки.

27. Читавме „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“.

znaes-deka-si-roden-vo-osumdesetite-ako-002.jpg

28. Одевме во „Египет“ и „Малага“  на сладолед.

29. Бевме безгрижни и среќни деца!

Ова е уште едно видео кое ќе ве потсети на '90-тите:

Има уште многу... Но, оставаме секој од вас да помогне да ја дополниме листава...

Би можело да ве интересира:

Тони Зен за CRNOBELO лексикон: „Ме фати срам по првиот бакнеж“ „Украдов бостан од десет кила од едно пазарче, тоа е најголемата беља што сум ја...
Барбара Поповиќ за CRNOBELO лексикон: „Се плашам од осаменост“ „Избегав преку тераса од дома за да одам на роденден зошто имав мал излез, но та...
Преку глава ми е од бели лаги и лажговци - Не, лагата не може да биде добра и не, не сме овци! Станавме глумци во реалноста, лицемери, станавме извештачени. Каква е бре таа бе...
Миро Кацаров за CRNOBELO лексикон: „Отсекогаш сакав да сум министер или пратеник“ „Кога бев дете, имаше Томос мотори, па кога со другарите ќе видевме некој паркир...
За син ми, кој нема ниту една година, а ме научи што е безусловна љубов – Ти благодарам! За тоа што уште немаш ниту една година, а за време на својот живот направи да ги...
„Бев дете во 90-тите во Скопје и имав совршено детство, зошто денес родителството стана толку компли... Во денешно време родителите како да станаа преоптоварени со правила и совети од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg