Играчки и аксесоари кои ќе им навратат спомени на девојките од ’90-тите
Детство - еден од најубавите периоди во животот, исполнет со игри, насмевки и безгрижност.

Период кој остава траг, сеќавања и слики кои никогаш не можат да се избришат.
Времето минува, а со него нештата се менуваат.
Детската игра, некогаш и сега, навистина не може да се спореди.
Сепак, одвреме-навреме, одлетувањето низ нашите мемории умее навистина да го стопли срцето. Особено ако сѐ уште чувате предмети кои имаат моќ да „раскажат“ безброј приказни.
Велат: „Девојките обожаваат да фантазираат“- такашто, овојпат ќе ви помогнеме за момент да „прошетате“ низ вашите стари фантазии.
Во продолжение ви претставуваме 15 играчки и аксесоари кои секоја девојка од ’90-ите ќе ги препознае:
1. Барби куклите со сите свои дополнителни аксесоари

2. Неодоливите кадифени мечиња за полесно заспивање

3. Мирисливите овошни сјајчиња за усни

4. Дизни видео-касети со приказните за омилените принцези

5. Бебе кукли

6. Првата одговорност со незаборавниот Чипичан

7. Долгокосата и слабонога Бети Шпагети

