Имам 40 години, немам маж, ниту деца - но, среќна сум!

Неодамна наполнив 40 години. Да, имам повеќе брчки. Имам подочници кои најчесто не исчезнуваат и кога ќе се наспијам. Да, имам и неколку бели влакна.

imam-40-godini-nemam-maz-nitu-deca-no-srekna-sum-01.jpg

Но, моето тело сѐ уште знае како целото да се тресе од громогласно смеење. Јас сум моментално „најживата“, најдобрата, страствена верзија од себе.

Не, ги немам ставено работите на лист – немам заштеда, сопруг, куќа, деца, автомобил, ниту 5 годишен план.

Но, постои една работа која ја имам и ја сакам повеќе од сѐ!

Мојата слобода.

Имам привилегија да поминувам квалитетно време со себеси. Јас сум си најдобра пријателка и нема бегање од себе.

Јас сум љубезна, забавна, дива, по малку откачена, понекогаш тажна и налутена, но никогаш не сум си здодевна.

Со секоја нова брчка се потсетуваме дека „Тука сме само за момент, одредено време, ајде да го искористиме истото максимално“.

Имам поминато неколку фази на скршено срце, сум живеела во интернационални средини, сама и со цимери, сум преземала ризици, сум се радувала и тагувала...

Избегнувам да влезам во кутијата во која „би требала да бидам“ за мојата возраст.

Се сеќавам на една фотографија од мајка ми кога наполнила 40 години. Седната во нејзиниот омилен ресторан, со огромна насмевка, сомбреро на главата, замрзната маргарита во раката и пријателите околу неа.

Изгледа среќна и исполнета.

Таа во тоа време веќе била мајка на 4 деца. Живеевме во предградие на Хјустон. Нејзина обврска беше да нè носи секоја недела во црква со подготвени ужинки за сите. Нејзина обврска бевме ние.

Кога бев мала, сонував да бидам сопруга и мајка – како мојата мајка, и баба ми.

Наместо ова, во еден момент се разбудив со шепот:

„Мора да патуваш. Да запознаеш нови и различни луѓе. Да си создадеш дом каде и да си на светот. Да си бестрашна. Да го правиш и она што не ти е баш пријатно. Да се разочаруваш. Да сакаш со целото срце“.

Сонував да живеам во Африка, да одгледувам лавови, да играм фудбал...

Оваа детска фантазија изгледаше толку далечна.

Мојата претстава за тоа како треба да изгледа жена на 40 години - како дете „од фамилија“ израснато во Тексас, беше дека треба да биде мајка, сопруга, жена која не пцуе, не пие и не повишува тон.

Овој тип на жена секогаш ќе биде и остане во мене. За мене мојата мајка била идеалната жена. Таа направила сѐ што било возможно и невозможно за да сум среќна.

Нејзината безусловна љубов ме направи подобар човек. Посвоила две деца кога веќе имала свои четири, само затоа што на нив им било потребно семејство. Таа беше мојот силен чувар во овој суров свет. И да, би имало смисла да ги следам нејзините постапки.

Но, ете кај мене се случи пресврт.

По дипломирањето живеев и волонтирав на проект за деца од улица во Бразил. Не можев да се разберам со жената кај која требаше да живеам. Тешко беше – се чувствував сама, небезбедна, мајка ми не беше до мене. Културните разлики беа огромни. Но, се снаоѓав.

Поминаа години „борба“ во потрага по она што сакам да бидам и каде сакам да бидам. Правев грешки и носев погрешни одлуки. Работев во центар за лекување од СИДА повеќе од 10 години. Толку многу луѓе си заминаа од овој свет покрај мене. Но, јас останав – иако повеќето се исплашија и заминаа.

imam-40-godini-nemam-maz-nitu-deca-no-srekna-sum-02.jpg

Се борам за човековите права, без табли на протести – но, со секој нов здив. Имам црн појас за самоодбрана. Патувам низ целиот свет сама и запознавам секакви луѓе со разни животни приказни.

На мојот 40-ти роденден, се разбудив во Најроби, Кенија. Воопшто не жалам за сè што сум поминала и доживела досега.

Се разбудив со изгрејсонце во прекрасната Африка, токму она сонце кое си го замислував кога имав 7 години.

Не одгледувам лавови, но сум силна, страствена и моќна жена.

Сѐ уште се смеам на цел глас како средношколка, полна сум со надеж, отворена за можности.

Го поминав мојот 40-ти роденден сама, читајќи и пишувајќи, додека ги впивав зраците на сонцето.

Да, понекогаш сум исплашена, знам да бидам и осамена, но на крајот на денот знам дека сум исполнета и задоволна со себе. Го сакам светот и уживам во новите искуства.

Можам да раскажувам приказни и искуства, да споделувам спомени – јас сум богата жена!

Извор | фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg