Растат и си заминуваат - не, не ги раѓаш децата за да те чуваат во старост...

Не, не ги раѓаш децата за да има кој да се грижи за тебе на стари години. Прашање е и дали ќе дочекаш старост. А животот дотогаш ќе те научи на сè – па да бидеш и сам ако треба.

rastat-i-si-zaminuvaat-ne-ne-gi-ragas-decata-za-da-te-cuvaat-vo-starost-01.jpg

Го раѓаш и го растеш да порасне добар човек, да го разубави овој свет. И гледаш да не погрешиш. Подоцна ќе видиш како ќе се однесува кон тебе.

Низ сите години треба да го научиш дека има луѓе кои не заслужуваат ни прст, а камо ли ракување.

Но и дека не постои кучешка шепа која не ја заслужува неговата рака.

Ќе му купуваш стотици балони за роденден и ќе ги пуштате да летаат високо, високо... А, најтешко ќе ти биде кога ќе треба да прифатиш дека еден ден и него ќе треба да го пуштиш да замине.

Ќе го пазиш и чуваш додека е под твој надзор. Но, сè уште нема измислено заштита која ќе го спречи понатаму во животот да не зачекори во нешто лошо.

Ќе ти поставува илјадници прашања дневно и ќе измислуваш различни одговори.

А, сепак, нема да можеш да го заштитиш кога во животот ќе остане без зборови од нешто што се случува околу него.

Да - растат. Да, си заминуваат. И да, мораат сами. Без нас.

Кому му е гајле за староста. Со детето преку ноќ и онака старееш по 10 години.

Извор

Би можело да ве интересира:

Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Син ми (2) ме удри со глава, речиси ќе завршев со скршеница во Државна болница - Мајки, вака тешко ... Во животот никој ме нема „малтретирано“ како моето дете. Добро, јасно е и дека н...
„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
„Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме санки“ Некогаш го сакавме снегот. Едвај чекавме да падне. Правевме снешковци, имавме са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg