„Сине, облечи се, надвор дува“ – му рече мајката на 38-годишното „дете“ на телефон

Деновиве повторно застуди што ме натера да се сетам на баба ми. „Додека ја има буквата Р во месеците од годината, дотогаш е добро да си носиш подебела јакна“.

sine-oblechi-se-nadvor-duva-mu-rece-majkata-na-38-godisnoto-dete-dodeka-se-zalese-kolku-e-zavisen-od-roditelite-01.jpg

Јас бев дете од 6 години кога го слушнав тоа и некако ми останало во паметот. Ама никој сосила не ме терал да се облекувам ако не сакам. Ако не се облечеш добро – ќе настинеш. Толку е просто.

Не дека не сум имала инаетења како девојка, и не сум излегувала со тенки хулахопки и незакопчани јакни на минусни температури од „пуста“ мода. Ама тоа ми се треснало од главата, па сама сум си учела од грешките.

Никој не ми се јавувал по телефон да ме предупредува врне ли, вее ли, студи ли, и како да се облечам.

Затоа непријатно се изненадив кога ја слушнав колешката како грижливо го предупредува синчето да се облече, затоа што надвор дува леден ветер. Прво си помислив дека е некое помало детенце, но колешката за кратко потврди дека нејзиниот син има 38 години.

38 не е дете и не е тинејџер. Тоа е маж. Маж, што според кажувањата на својата мајка, не е доволно самостоен, разгален е, и не може да направи ништо без помошта од родителите.

А кој е виновен за тоа, се прашувам? Кога сè во животот ви е сервирано „на тацна“, дали ќе се потрудите да направите нешто од себе и за себе? Или ќе си дремете и како некои „готовани“ ќе чекате месено од мама, носено од тато? Кога има некој што постојано ви ги покрива грешките, вие не знаете како да ги исправите самите.

Кога некој постојано ви дише во вратот, ве гуши, а тоа го меша со безгранична љубов, не ве остава сами да донесете одлука, макар и погрешиле и сами да се снаоѓате во животот, станувате зависни паразити, неодлучни и уплашени. А најмногу од сè, неамбициозни, неснаодливи и мрзеливи.

Некогаш вината е во децата, ама голем дел е во родителите. Нека дува ветер. И нека се облече синот онака како што мисли. И да настине, ќе му помине. И за друг пат ќе знае.

Од толку многу што сакаме да им удоволиме на децата, предоцна ја сечеме папочната врвка која невидливо се протега неретко до зрелата доба на децата. Потоа им наоѓаме маани – за ништо не сте способни, разгалени сте, изгубени, ништо не можете без нас… а што ќе правите кога ќе умреме?

А навистина, што ќе прават тие деца кога ќе ве нема?

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Може да танцувате до зори, па во 8 да одите на работа и не, не мора да пиете мача - само уживајте в... „Мора да водите сметка за храната. Мора да пиете 2 литрa вода дневно. Мора да сп...
Моќна поука која секој татко треба да му ја каже на својот син (како се цени жена) Си биле татко и син и тргнале по сладолед, но на патот дотаму таткото го научил ...
„Кога викам по мајка ми, не е зашто сум ѝ лута, туку се плашам што старее“ Месеци наназад, па можеби и повеќе од една година, ја набљудувам мајка ми. Додек...
„Син ми инаку прозборе на 10 месеци“ - Во ред мамичке, гледам, сега личи на иден претседател на држа... „Леле Лука мој вака, леле Лена моја онака“... Деца се, не сакам да коментирам, н...
Теа Трајковска за CRNOBELO лексикон: „По првиот бакнеж си помислив: ‘Ооо, па не било толку страшно’“ „Најчудната и најсмешната порака што сум ја добила на Инстаграм е: 'Те сону...
„Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Немав ни 1.000 денари во џеб, но почувствував мир“ „Имав 20 години. Добив соба во студентски дом. Баба ми ми испрати џем. Првпат им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg