Паника, неписменост и сѐ што ја мачи Македонија

Не можеш да сееш песимизам, кога оптимизмот е апсолутно сѐ што ни е преостанато во одредена ситуација.

panika-nepismenost-i-s-shto-ja-machi-makedonija-01.jpg

Не можеш да не читаш, а да знаеш,

Не можеш да креваш паника, кога од клучна важност е да бидеш смирен,

Не можеш да се правиш паметен, кога реално интелигеницијата е и повеќе од јасно дека не ти е силна страна,

Не можеш да се маваш во гради, во мигот кога треба да прифатиш дека таму некој знае подобро и дека најдобро за тебе е да го слушаш тој некој,

Не можеш да си полн со осуда што ти се случија работи кои сам си ги „бараше“, ама реално,

Не можеш да правиш скандали, кога клучно е да броиш до 10,

Не можеш да кубеш коси, во мигот кога со студена глава треба да бараш решение,

Не можеш да живееш во затворен круг без информации, а потоа да се рафрлаш со факти кои на излегување во лифт си ги слушнал/а од сосетката од 10-ти кат,

Не можеш да не ги прифатиш работите што се неизбежни и наместо да трошиш енергија на нив, да се концетрираш на избегнување на тие што се избежни,

Не можеш да се однесуваш како дете во ситуации во кои клучно е да бидеш возрасен,

Не можеш само да лелекаш во ситуација во која други зависат од тебе,

Не можеш да се правдаш со „ме фати паника и страв ми е“, затоа што кога гори на сите ни е тешко,

Не можеш да сееш песимизам, кога оптимизмот е апсолутно сѐ што ни е преостанато во одредена ситуација.

Не можеш да ги труеш и другите, само затоа што ти си се родил/а со душа отруена,

Не можеш да живееш на начинот на кој живееш, затоа што искрено тоа живот не е.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Преживеав нешто што никогаш не мислев дека ќе го преживеам и сега не ми можеш ништо „Навистина ништо не можеш да ми направиш. Ниту денес, ниту утре, ниту некогаш. П...
Девојко, внимавај за кого се мажиш - тоа е најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот Не е важно колку е голема куќата или колку пари имаш на сметка - вистинската бор...
„Леле, нема да правиш давање збор, свадба, мекици – срамотааа“ - Ах, Македонијо, до кога? Зошто во Македонија по автоматизам судиме ако нешто не е како што сметаме дека „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg