Интересни филмски факти

interesni-filmski-fakti

Често околу многу филмови, актери, режисери, сценаристи има многу интересни приказни со правењето на дел од најпознатите филмови.

Еве дел од овие факти кои нам ни беа интересни па решивме да ги споделиме со вас:

- Пол Шрадер, сценаристот на Таксист со Роберт Де Ниро, го напишал сценариото за истоимениот филм за само 5 дена – дури се вели дека сценаристот на масата имал полн пиштол за „подобра инспирација и мотивација“.

- Роберт Ладлум, креаторот на Џејсон Борн серијалот, починал за време на снимањето на првото продолжение.

- Дел од многуте улоги кои ги одбил Шон Конери ги вклучуваат филмовите: Матрикс, Господар на прстените, Паркот Јура, Индијана Џонс 4 и др.

- Мостот кој го креваат во воздух во „Добриот, Лошиот и Грдиот“, е по грешка експлодиран пред време од страна на капетанот на шпанската армија. Затоа, самиот капетан наредил мостот да го изградат неговите војници, за веднаш потоа пак да се снима сцената со експлозијата.

- Во филмот „Психо“, на Хичкок, за прв пат во еден американски филм е прикажано пуштање вода во тоалет.

- „Темниот витез“ направил повеќе пари во првите шест дена од прикажувањето, отколку што направил првото продолжение на Бетмен, „Batman Begins“ за време на целото прикажување.

- Кристофер Волц, човекот кој доби Оскар за играњето на ловецот на евреи во „Неславни копилиња“, има син кој е рабин.

- Една од Бондовите девојки во филмот „Само за твоите очи“, неколку години пред тоа си го има сменето полот.

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg