10 фантастични цитати за мотивација

Неопходен ни е позитивен почеток на денот, една мала мотивација во било кој облик, па затоа денес дозволете им на овие 10 цитати да ви го разубават денот и да ви ги разбудат мислите.

10-fantasticni-citati-za-motivacija-01

1. Ако некој ви каже „Не можеш!” тој всушност мисли „Јас не можам!”

2. Постои мала разлика помеѓу луѓето, но таа мала разлика прави многу поголеми разлики. Големата разлика е во тоа дали некој е позитивен или негативен.

3. Што и да сакате да направите, направете го денес. Секој ден сè помалку утра ви остануваат!

4. Среќата, како и несреќата, е работа на личниот избор.

5. Бидете меки и нежни. Не дозволувајте светот да ве направи груби. Не дозволувајте болката да ве натера да мразите. Не дозволувајте горчината да ви ја украде сласта. Верувајте дека светот е прекрасно место, дури и кога остатокот од светот не се согласува со вас.

6. Морате да донесете одлука дали ќе продолжите понатаму. Тоа нема да се случи автоматски. Морате да станете и да кажете „Не ми е важно колку е ова тешко, не ми е важно колку сум разочаран... Продолжувам со животот!“

7. Следен пат кога ќе се почувствувате непријатно заради притисокот кој го имате во животот, сетете се дека без притисок нема ниту дијаманти. Научете дека притисокот е дел од успехот.

8. Кога веќе не можете да ја промените ситуацијата, научете да се промените себеси.

9. Среќата често се протнува низ вратата која сте заборавиле дека е отворена.

10. Најдобар начин да стекнете самодоверба е да го правите она од што најмногу се плашите.

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Цитати од познати личности кои ќе ви го подобрат и најлошиот ден Во текот на работната недела секој од нас се обидува да задржи што поголем дел о...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg