22 моќни мисли кои ќе ве охрабрат кога не се чувствувате доволно вредни

Секој од нас поминува низ различни периоди во животот, некои подобри, некои полоши. Во моментите кога чувствувате дека сте на дното и не можете да продолжите понатаму, потребна ви е поддршка и малку мотивација.

22-mokjni-misli-koi-ke-ve-ohrabrat-01.jpg

Се надеваме дека овие 22 реченици доаѓаат во вистинскиот момент:

1. Никогаш нема да бидете доволно добри за себе кога вашата цел е да бидете доволно добри за некој друг.

2. Оние кои немаат намера да сфатат колку вредите никогаш нема да го увидат тоа, без разлика колку ментално и емотивно се вложувате со цел да ги убедите во сопствената вредност.

3. Повеќе внимание обрнувате на она што НЕ СТЕ отколку на она ШТО СТЕ.

4. Можеби проблемот лежи во тоа што не ги препознавате и цените нештата кои веќе сте ги постигнале во животот.

5. Секој има силни страни и слабости, некои едноставно се повеќе отворени во врска со ова прашање.

6. Некои работи не сте успеале да ги остварите и тоа е сосема во ред.

7. Не сте совршени. И тоа е сосема во ред.

8. Доколку се гледате себеси исклучиво низ призмата на она што треба да го поправите кај себе, никогаш нема да најдете мир.

9. Доколку грчевито се обидувате да се држите до некои минати идеали, како вашето тело додека сте биле во средно, годините, безгрижноста од младоста или почетоците на љубовната врска, знајте дека сте насочени на патот кон неуспех и разочарување.

10. Неистренираниот ум секогаш ќе сака да „забега“ кон она што е потенцијално погрешно и лошо во вашиот живот, а тоа е предизвик на кој треба да се работи секојдневно и да се коригира ваквото однесување.

11. Ниската самодоверба е резултат на фактот што не се предизвикувате себеси како и на тоа што се држите до нереални очекувања, а двете имаат тенденција да се случуваат истовремено.

12. Самодовербата се гради од внатре.

13. Понекогаш проблемот лежи во тоа што оние кои не гледаат колку вредите ве истренирале и вие да го правите истото.

14. Што ако целта е да ја заслужите љубовта кон себеси, наспрема нечија туѓа?

15. Никогаш нема да се чувствувате доволно вредни и заслужни доколку се обидувате да совладате цели за кои едноставно не сте скроени.

16. Воедно, никогаш нема да се чувствувате доволно вредни и заслужни доколку се обидувате да ги направите нештата кои длабоко во себе не сакате да ги правите.

17. Во обидот да ја пронајдете сопствената вредност треба пред сè да ги откриете сопствените уникатни таленти, она што прво може да си го понудите себеси како личност, а потоа и на останатиот дел од светот.

18. Неразумна висока самодоверба и неразумна ниска самодоверба се практично истото нешто, меч со две сечила.

19. Доколку се чувствувате непријатно и несигурно, тоа значи дека имате уште многу се учење.

20. Можеби не треба да го смените надворешниот изглед, работата или да се оптоварувате колку заработувате, можеби проблемот е во нешто друго.

21. Ова е промената која ви е потребна: ценете го моментот, сè што имате и сè што сте постигнале досега.

22. Кога работите ќе тргнат на подобро? Кога ќе престанете да бидете нечиј туѓ идеал и ќе тргнете во потрагата по сопствениот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg