Паметните луѓе пијат повеќе и моралните вредности остануваат исти и на пијано: Факти за пијанството


Паметните луѓе пијат повеќе и моралните вредности остануваат исти и на пијано: Факти за пијанството

Воглавно, умереното консумирање алкохол е безопасно. Но, неретко пијанството е поврзувано со здравствени и социјални проблеми, па и денес е тема на многу истражувања.

 pametnite-lugje-pijat-povekje-nekolku-interesni-fakti-za-pijanstvoto-01.jpg

Доколку некогаш сте испиле некоја чашка повеќе, тогаш можеби ќе ги препознаете следниве интересни факти за пијанството.

Ефектот трезен пријател

Науката тврди дека трезните луѓе прават пијаните да се чувствуваат попијано отколку што навистина се. Барем така покажале резултатите од истражување од 2016-та година.

Се покажало дека луѓето кои биле опкружени со исто пијани пријатели го потцениле количеството алкохол што го консумирале. Истовремено, опивањето било поприфатливо. Од друга страна, кога биле во друштво со трезни пријатели, пијаните мислеле дека се многу попијани.

pametnite-lugje-pijat-povekje-nekolku-interesni-fakti-za-pijanstvoto-02.jpg

Нашите морални вредности остануваат исти

Кога некој пијан ќе донесе лоша одлука, лесно е да го обвините алкохолот. Но во едно истражување од оваа година, научниците сакале да откријат дали алкохолот навистина ги тера луѓето да ги заборават нивните морални вредности.

Се покажало дека алкохолот може да има влијание врз емпатијата, но не ги менува моралните вредности на една личност. Односно, пијаните знаат кога прават грешка.

pametnite-lugje-pijat-povekje-nekolku-interesni-fakti-za-pijanstvoto-03.jpg

Пијано онлајн купување

Една анкета од 2019-та година покажала дека 4 од 5 луѓе купувале кога биле пијани. Како што веќе претпоставувате, купувале навистина необични работи. Некои од испитаниците изјавиле дека купиле 90 килограми бамбус, очила за ноќно гледање, па дури и надуван замок за во нивната дневна.

Најмалку се купувале софтвер и козметика, а дури 85% од испитаниците купувале од Amazon.

pametnite-lugje-pijat-povekje-nekolku-interesni-fakti-za-pijanstvoto-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Алкохол на 13, секс на 14: Мрачните тајни за детството на Бритни Спирс Токсичното детство полно со злоупотреба, мајката што ја терала да работи од најм...
Јаболката во маркет може да се стари и до 1 година и уште 5 чудни факт... Во случај да ви недостасува тема на разговор, овие малку познати чудни факти ќе ...
На 9 години – прва слика, на 13 – примен на факултет: Интересни факти ... Неспорно е дека Пабло Пикасо е еден од најважните уметници на 20 век, најдобро п...