Кока-Кола - митови и факти

Кока-Кола е еден од најпознатите и најпродаваните светски брендови. Овде можете да најдете се’ што можеби не сте знаеле за најпопуларниот безалкохолен пијалак, во кратки црти – историјата за настанување на Кока Колата.

koka-kola-mitovi-fakti-istorija-01.jpg

1. Кока-Колата светлото на денот го здогледала во аптека во Атланта, каде во 1886 година се продавала 5 центи за чаша.

2. Првата година нејзиниот создавач, Џон Прембертон, продавал во просек 9 чаши на ден. Компанијата денес продава 1.4 милијарди шишиња секој ден.

3. Прембертон починал во 1888 година и не успеал да го доживее успехот на пијалакот кој го измислил.

4. Asa Griggs Candler, бизнисмен од Атланта, во 1888 ги купил правата за Кока Колата за околу $2.300 долари. До 1895 година побарувачката за овој пијалак пораснала на државно ниво, па тој морал да изгради погони за производство и во Чикаго, Далас и Лос Анџелес.

5. Велосипедски маратон е првиот спортски настан кој ја промовирал Кока-Колата. Светскиот шампион Боби Валтур се појавил уште во 1909 во весник во реклама за Кока Кола која сега се наоѓа во седиштето на компанијата во Атланта.

6. И покрај успехот на Candler, тој не успеал во целост да го сфати потенцијалот на пијалакот. Така, во 1899 година двајца адвокати Benjamin F. Thomas и Joseph B. Whitehead ги откупиле ексклузивните права за продажба на Кока-Кола во шише и тоа по цена од само $1 долар.

7. Првата фабрика за Кока-Кола во Азија се отворила на Филипините во 1912, а во Европа во 1919 година во Франција.

8. Компанијата загрижена од бројните копии, се фокусирала на претставување на автентичноста на Кока-Колата. Се одлучиле да дизајнираат препознатливи шишенца за луѓето да бидат сигурни дека ја добиваат вистинската Кока-Кола. Во 1916 година заобленото шише, кое го задржа својот препознатлив облик сè до денес, е одбрано за најсоодветно заради атрактивниот изглед, оригиналниот дизајн и фактот дека и во мрак би можеле да го препознаете посакуваниот производ.

9. Биле потребни 70 години компанијата да се прошири на нови вкусови. Фантата оригинално е развиена во 40-тите, а прв пат претставена во 50-тите. Спрајт за прв пат го здогледал светлото на денот во 1961 година. Компанијата денес има портфолио од 500 брендови и 3.300 различни пијалаци.

10. Кока-Колата без шеќер (Diet Coke) е претставена во 1980-тите во „ерата на трикоата и целото фитнес лудило“.

11. Компанијата имаше најлош маркетиншки потег кога во 1985 ја претстави новата Кока-Кола, менувајќи го рецептот за прв пат во 99 години. За време на тестирањето луѓето тврделе дека им се допаѓа, но кога производот е пуштен на пазарот добил неверојатно лоши критики, па компанијата била приморана да го врати назад оригиналниот вкус на класичната Кока Кола.

12. Кока-Кола поттикна бројни митови, вклучувајќи го и тоа дека нејзината оригинална боја е зелена (шишето било зелено, но пијалакот секогаш бил кафено-црвенкаст), дека заби, месо и паричка се распаѓаат во чаша Кока-Кола ако ги оставите да преноќат (никогаш вакво нешто не е докажано), дека се користи за чистење на улиците после сообраќајни несреќи (никогаш забележано).

Би можело да ве интересира:

Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Имал тешко детство, денес живее во дом од 800.000 евра - Факти за Ацо Пејовиќ „Имав 14 години и тоа беше тешко време. Живеев во трошен студентски дом, студен,...
8 прекрасни божиќни пораки кои денес можете да им ги испратите на блиските „Нека чудото на Божиќ ве придружува низ секој ден, исполнувајќи ви го животот со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg