Прва фотка од ќеркичката на Луисана Лопилато и Мајкл Бубле
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Готвач 18-04-2019


Прва фотка од ќеркичката на Луисана Лопилато и Мајкл Бубле

luisana-lopilato-i-majkl-buble-go-dobija-tretoto-dete-ovojpat-devojche-01.jpg

Луисана Лопилато и Мајкл Бубле станаа родители по третпат, а среќната вест пејачката ја објави на Инстаграм.

Тие се веќе родители на два сина, Елиас и Ноа, а сега двете момчиња ја добија сестричката Вида Амбер Бети.

Според претставникот на Бубле, ќеркичката на парот се родила во средата, во Ванкувер во Канада, а тежи 2.7 килограми.

На Инстаграм, Луисана објави слатка фотографија од раката на нивното трето дете и напиша:

„Како да објаснам дека срцето ќе ни експлодира од љубов? Дека не ни стигаат часовите во денот за да ѝ се изнагледаме и израдуваме? Му се заблагодарувам на Бог што ни го даде овој подарок на живот и радост. Бидејќи гледањето во твоите очи е како да се гледа во небото. Те сакаме бесконечно и уште повеќе. Те чекавме многу, не само за да се прошириме како семејство... ни даде светлина, надеж, си и ќе бидеш нашиот живот!“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Станете супер родител на дете спортист во 9 чекори Дали сте од оние родители на деца спортисти кои се расправаат со тренерот и ги к...
4 фази во животот: Верувате во Дедо Мраз, па станувате Дедо Мраз Кога сте мали едвај чекате да дојде Дедо Мраз и да ви остави пакетче под елката ...
За кои 8 работи мора да станете сериозни во животот? (фото) Во ред е да го сфаќате животот како забава и да сакате да го искористите максиму...