Мадам Тисо во Лондон ги оддели восочните фигури на Хари и Меган од кралското семејство


Мадам Тисо во Лондон ги оддели восочните фигури на Хари и Меган од кралското семејство

После изјавата на Хари и Меган дека ќе се повлечат од нивните кралски должности, музејот Мадам Тисо во Лондон ги оддели нивните восочни фигури од останатите на кралското семејство.

muzejot-madam-tiso-vo-london-gi-oddeli-vosochnite-figuri-na-hari-i-megan-od-kralskoto-semejstvo-01.jpg

Претходно, фигурите на парот стоеја до кралицата и принцот Филип, заедно со Кејт и Вилијам.

muzejot-madam-tiso-vo-london-gi-oddeli-vosochnite-figuri-na-hari-i-megan-od-kralskoto-semejstvo-03.jpg

Стив Дејвис, генералниот менаџер на експонатот изјави:

„Ние, заедно со остатокот од светот, реагиравме на изненадувачките вести дека војводата и војвотката од Сасекс ќе се повлечат од кралските должности. Од денес, фигурите на Меган и Хари нема да стојат со кралското семејство.“

muzejot-madam-tiso-vo-london-gi-oddeli-vosochnite-figuri-na-hari-i-megan-od-kralskoto-semejstvo-02.jpg

Стив додава и дека фигурите на Хари и Меган се едни од најсаканите во музејот и ќе останат важен дел од него.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотка после која цел свет го смета принцот Хари за романтичар Принцот Хари заедно со својата сопруга Меган Маркл го доделија трофејот на џокеј...
Ќе бевме среќни ако фолиите за пушачи во кафулињата беа вакви кај нас (фото) Најголемиот зимски проблем изминативе неколку години - како да седите надвор, а ...
Фото доказ дека ракописот на Меган Маркл е нереално совршен Меган Маркл се истакна во многу кралски активности, а за време на некои од нив ф...