Заработува 175.000 евра неделно, а се шета со скршен iPhone – Ѕвездата на Ливерпул е најскромниот фудбалер


Заработува 175.000 евра неделно, а се шета со скршен iPhone – Ѕвездата на Ливерпул е најскромниот фудбалер

Јавноста го знае Садио Мане како напаѓач на фудбалскиот клуб Liverpool. Покрај тоа што многумина го сметаат за еден од најдобрите фудбалери ширум светот, изгледа дека Садио е и најскромниот.

najskromniot-fudbaler-dzvezdata-na-liverpool-sadio-mane-zabelezhan-so-skrshen-smartfon-01.jpg

Фудбалската ѕвезда дефинитивно има доволно пари да си купи не еден, туку стотици смартфони со заработката од 175.000 евра неделно.

Но сепак, пред некој ден фановите забележаа дека Садио користи телефон со скршен екран.

„Зошто би сакал 10 Ferrari автомобили, 20 дијамантски часовници или авиони? Изградив училишта, стадион. Им обезбедувам облека, обувки и храна на луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија.

Немав образование и многу други нешта, но денес, со она што го заработувам благодарение на фудбалот, можам да им помогнам на моите луѓе“, изјави фудбалерот во една прилика.

najskromniot-fudbaler-dzvezdata-na-liverpool-sadio-mane-zabelezhan-so-skrshen-smartfon-03.jpg

zarabotuva-175-000-evra-nedelno-a-se-sheta-so-skrshen-iphone-dzvezdata-na-liverpul-e-najskromniot-fudbaler-003.jpg

Садио повеќепати ја има покажано својата скромност - минатата сезона веднаш после натпреварот на Liverpool и Leicester, тој беше забележан како ги чисти тоалетите во неговата локална џамија.

Можеби повеќе познати треба да почнат да го следат неговиот пример.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

За вас и вашето куче - хит џемперот што го освои светот (фото) Брендот Zulily произведе џемпер совршен за сите вљубеници во кучиња. Идејата е з...
Неделен план за чистење со кој куќата секогаш ќе свети Ако постојано чистите, а сепак ништо не ви изгледа доволно чисто, тогаш ви треба...
Чорапче на Дедо Мраз, само за возрасни (фото) Чорапчињата на Дедо Мраз закачени над каминот или покрај елката нè асоцираат на ...