„Таа е родено меме“ - „Лутиот“ поглед на новородено девојче го освои светот (фото)

Малата Изабела Пареира уште во првите моменти од нејзиниот живот изгледа сфатила дека светот е суров и понекогаш треба да покажеш „луто лице“.

taa-e-rodeno-meme-lutiot-pogled-na-novorodeno-devojche-go-osvoi-svetot-01.JPG

Изабела е бебето од фотографијата која го освои светот. Уште во првите моменти по раѓањето, таа му упатила навистина „лут“ поглед на лекарот. Дури и нејзината мајка изјавила дека Изабела е родено меме.

Бразилецот Родриго Кунстман е фотографот што го овековечил моментот и кој изјави: „Се сметам за благословена личност. Се чувствувам како да сум добил на лотарија.“

Тој вели дека повеќето бебиња плачат откако ќе се родат, но Изабела е посебен случај.

Мајката на Изабела вели дека девојчето уште ги „вежба“ изразите на лицето и кога била гладна или требало да ѝ се промени пелената, таа правела слична „лута“ гримаса како на фотографијата.

Ова девојче веќе почнало да се однесува како возрасен.

taa-e-rodeno-meme-lutiot-pogled-na-novorodeno-devojche-go-osvoi-svetot-foto-003.jpg

Извор

Би можело да ве интересира:

Морничава фотка: Зошто не треба да ги оставате очилата во автомобилот кога е сончево? Пожарна служба од англиска област сподели фотка на која се гледа автомобил со из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg