Типичен македонски виц

tipicno-makedonski-vic-povekjeРаботел некој фризер во некој град во САД. Еден ден кај него дошол некој цвеќар да се потстрижува, кога фризерот го потсрижил, цвеќарот го прашал...

 

 

...колку треба да плати. Фризерот му одговорил дека тој работи од хоби и дека не може да му земе пари...

Цвеќарот заминал сиот среќен.
Утредента кога фризерот дошол на работа на прагот нашол прекрасен букет цвеќе.

Другиот ден кај фризерот дошол еден пекар, откако го пострижиле тој прашал колку треба да плати, a фризерот одговорил дека работи од хоби и не сака пари.

И пекарот заминал среќен.
Утредента фризерот на прагот нашол прекрасна торта.

Третиот ден доаѓа во фризерницата еден Македонец, откако го пострижиле и тој прашал колку треба да плати, фризерот повторно одговорил дека работи од хоби и дека не треба да плаќа.

Македонецот сиот среќен заминува.
Утредента што нашол фризерот пред неговата врата...?

Што?
Имате ли идеја...
Размислувајте како Македонец...

 

 

Нашол 20 Македонци кои чекале ред за да се пострижат!

Би можело да ве интересира:

11 смешни мемиња во кои ќе се пронајдат сите Балканци - зелката е лек, турското кафе е светост Отвораме шише пиво со сè освен отворач, а родителите постојано нè обвинуваа/т за...
3 вицеви што слатко ќе ве насмеат Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спија...
(Откачени) инструкции за мажи - Што треба да правите кога жената плаче? „Ако вашата жена плаче, тогаш не треба да ја оставате сама. Но, бидете многу вни...
Смешна фото-компилација: Бизарни утки на градежници Ескалатор кој завршува во ѕид и тоалет за инвалидска количка до кој се стигнува ...
Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи Речиси и да нема човек што некогаш не слушнал некој од вицевите за познатите Муј...
14 (смешни) фото-докази дека не треба да купувате онлајн од непроверени продавници Минијатурни столчиња за во канцеларија, сандали со чудни пропорции и палто со ис...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg