Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“?

Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од кинески бренд. Иако постојат од 2019-та, станаа глобален феномен изминатите неколку месеци, а дури и славни личности, како Ријана и Дејвид Бекам, се пофалија дека ги имаат.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv01.jpg

Во ерата на социјалните мрежи, секојдневно се појавуваат нови трендови кои неретко згаснуваат мошне брзо.

Но, некои издржуваат многу подолго – пред нешто помалку од една деценија, популарни беа играчките познати како „фиџет спинер“, за време на пандемијата хит беше кафето Далгона, а сега доминира нова играчка, и тоа веќе некој период.

Се чини дека опсесијата со играчката Labubu се јави преку ноќ, а им се допаѓа и на славни личности – Ријана е една од многуте кои беа фотографирани со неа.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-0.JPG

Па, што точно е оваа играчка и од каде опсесијата со неа, дури и кај возрасните?

Направени се од артист од Хонгконг

Labubu играчката е лик од серија играчки познати како The Monsters кои се дизајнирани од артистот Касинг Лунг од Хонгконг.

Играчките имаат лице од винил, додека телото им е кадифено. Бидејќи имаат по малку злобна насмевка, иако се многу популарни, некои сметаат дека сепак изгледаат бизарно.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-06.JPG

Во склоп на брендот Labubu има и други слични играчки кои периодов се исто популарни.

Labubu играчките првпат почнале да се продаваат околу 2019 година, во кинескиот синџир продавници за играчки Pop Mart.

А, благодарение на играчките, вредноста на продавниците Pop Mart драстично се зголеми – според BBC, само изминативе 12 месеци вредноста на нивните акции на берзата пораснале за дури 500%.

Продавницата стана главниот дистрибутер на играчките, а за тоа колку се популарни, кажува и фактот дека само во јуни, кинеските власти заплениле над 70.000 лажни Labubu играчки.

Играчките првично биле популарни само во Кина, но ви изминатите година-две станаа хит и ширум светот, па сега се продаваат во над 30 земји.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg