Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“?

Се верува дека пандемијата има удел во прославувањето на играчките

Иако изгледа како кај нас да станаа сензација преку ноќ, на играчките им требале неколку години за да станат глобален хит.

Кина е земја со милијарди жители, па таму постојано се појавуваат трендови кои воопшто не излегуваат од државата.

Сепак, кон крајот на 2022 година, кога онлајн купувањето стана норма поради пандемијата, Labubu играчките почнаа да се прославуваат и во другите азиски држави.

Кон средината на 2024-та, корејска поп пејачка почна да објавува фотки од играчките онлајн, а бидејќи корејската музика веќе станува „мејнстрим“, ова помогна Labubu да стане меѓународен феномен.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-08.JPG

Изминативе неколку месеци, и други ѕвезди беа забележувани со Labubu играчки – Ријана беше фотографирана со ваква играчка на нејзината чанта, а Ким Кардашијан самата се пофали дека веќе има колекција од десетина играчки.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-07.JPG

Минатиот месец, дури и Дејвид Бекам кажа дека имал Labubu играчка што ја добил како подарок од ќерка му Харпер.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv-04.JPG

Никој не знае зошто светот одеднаш стана опседнат со играчките

Во морето вирални трендови, некогаш е тешко да се одреди зошто нешто станува популарно, а таков е случајот и со Labubu играчките.

Кинескит медиуми пишуваат дека куклите прикажуваат ја прикажуваат креативната страна на Кина, и можеби тоа ги прави привлечни.

Според некои, куклите се како колекционерски предмет, а можеби дури и некаков статусен симбол бидејќи се популарни и кај славни личности.

За некои, пак, се само моден додаток бидејќи многу девојки и жени ги носат закачени на нивните чанти.

koja-e-prikaznata-zad-labubu-igrachkite-i-zoshto-site-se-opsednati-so-niv12.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хит видео топи срца: Собирачи на отпад му дадоа втора шанса на мечето Вини Пу, откако некој го фрлил... Изгледа вработените во комунална хигиена немаа срце да го уништат засекогаш кади...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
Заборавената сопруга од Србија на Ајнштајн: Му ги решавала математичките проблеми, тој ја изневерува... Првата сопруга на Ајнштајн, Србинката Милева Мариќ, бла гениј исто како и физича...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg