9 „црвени знаменца“ дека некој воопшто не ви е пријател (дури и ако ви е тешко да поверувате)

Суптилните навреди ги маскира како шеги, а кога ќе забележи дека сте успеале во нешто, не може да се израдува, па дури и го банализира вашиот успех.

9-crveni-znamenca-deka-nekoj-voopshto-ne-vi-e-prijatel-duri-i-ako-vi-e-teshko-da-poveruvate-01.jpg

Сите мислиме дека можеме да препознаеме лажен или лош пријател, но во реалноста ова е малку комплицирано.

Постојат луѓе кои се одлични манипулатори и штом ќе забележат дека им верувате, лесно можат да го искористат тоа против вас.

Неколку предупредувачки знаци за кои треба да бидете свесни:

Суптилни навреди маскирани како шеги

Ако некој пријател честопати се шегува на ваша сметка, тогаш ве омаловажува.

Во ред е пријателите да се шегуваат едни со други, но ако овие шеги се всушност навреди и се постојани, тогаш таа личност не ви е пријател.

Ви ги „истура“ своите проблеми, а не ги слуша вашите

Пријателите се овде за да си помагаат едни со други и нормално дека блиските ќе сакаат да ги споделат проблемите со вас.

Сепак, ако вашиот пријател секогаш ве користи како „рамо за плачење“, но нема време за вас кога вие имате проблем, тогаш само ве искористува.

9-crveni-znamenca-deka-nekoj-voopshto-ne-vi-e-prijatel-duri-i-ako-vi-e-teshko-da-poveruvate.JPG

Ве избегнува кога ви е тешко

Истовремено, може да се случи некој пријател целосно да ве избегнува кога минувате низ кризен период. И во овој случај, таа личност не ви е пријател.

Се чувствувате исцрпено

Дружбата со пријателите треба да ве исполнува, да ве прави среќи, па и да ви помогне да се релаксирате.

Штом по секоја средба или разговор со некој пријател ви се чувствувате исцрпено и анксиозно, тогаш нешто не е во ред со вашиот однос.

Ги банализира вашите успеси

Штом некоја личност не може да се радува да вашите успеси, туку напротив и пробува да ги банализира, тогаш очигледно не ви е пријател.

9-crveni-znamenca-deka-nekoj-voopshto-ne-vi-e-prijatel-duri-i-ako-vi-e-teshko-da-poveruvate-04.JPG

Ги преминува вашите граници

Ако имате пријател кој ве притиска да ја споделите секоја ваша тајна и генерално ве тера да ги преминете вашите граници, тогаш не ви е пријател.

Во овој случај, „пријателот“ може да претставува ова како лојалност, но штом вие се чувствувате непријатно, тогаш дефинитивно е преминување граници.

Го презира вашето созревање

Добриот пријател ќе биде горд на вас штом созревате како личност, па дури и ќе ве турка како има потреба од тоа.

Личноста која само глуми дека ви е пријател може да го гледа вашето созревање како закана, па нема ни да го поддржува.

9-crveni-znamenca-deka-nekoj-voopshto-ne-vi-e-prijatel-duri-i-ako-vi-e-teshko-da-poveruvate-02.JPG

Пробува да биде доминантен

Дали имате пријател кој сака да ги прави сите планови, да одлучува што ќе правите и генерално се однесува како да е „главен“?

Во овој случај постои нерамнотежа во вашиот однос и ви сте потчинети. А, штом некој ве става во ваква положба, тогаш не ви е пријател.

Избегнува да ви се извини

Дури и најдобриот пријател некогаш во животот ќе ви згреши. Но, штом е добар пријател, искрено ќе ви се извини и ќе се потруди да ја исправи грешката.

Ако се дружите со личност која секогаш го заобиколува извинувањето, тогаш не сака да презема одговорност бидејќи не ѝ е ни грижа за вас.

Па, не треба да ја нарекувате пријател.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg