Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз
Вториот клуб повторно во склоп на хотел, бил многу поголем, со многу повеќе луѓе и многу повеќе жени, веројатно проститутки.
И овде веднаш му пришла девојка која му понудила околу 300 евра за два часа.
На крај, новинарот излегол од клубот, каде што сретнал млад Индиец кој изгледал како да е во шок.
Индиецот му рекол:
„Не ти кажуваат за ова кога закажуваш соба на Booking. Неколкупати сум бил во Дубаи и првпат отседнувам во овој хотел и веќе нема да се вратам.
Тука сум со пријател кој сакаше да спие, па јас слегов во клубот. Никогаш претходно не сум видел нешто вакво“.
Новинарот истакнува дека околу 93% од жителите на Дубаи се странци, главно многу богати мажи од други држави.
Па, покрај ноќните клубови, можеле да си најдат проститутки и преку интернет.
„На веб-сајт за масажа се нудат ’женски ескорт девојки во Дубаи‘ и има каталог од над 7.000 жени. Цените се движат од 12-тина евра, до повеќе од 6.000“, вели новинарот.
Тој разговарал и со вработен во хотел кој често сведочел на средби со проститутки.
Вели дека голем дел од овие девојки и жени дошле со надеж да изградат кариера, но почнале да заработуваат многу како сексуални работнички и останале таму. Некои и биле намамени во оваа индустрија.
„Гледаме дека се случува почесто и почесто и сите се прават дека не гледаат. Доаѓаат секакви мажи – Арапи, Индијци, Европејци…
Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. По војната во Украина, има и многу Русинки и Украинки кои остануваат по 2-3 месеци бидејќи заработуваат добро.
Заработуваат многу пари и можете да ги видите во дизајнерски облека и чанти, со убав накит. Постојано одат на шопинг и изгледа уживаат во Дубаи“.
Прочитајте и: Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти
Спирова С. | Црнобело
