Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та?
Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш нема да биде заборавена и избришана од сеќавањата... Но, освен неизбежните мрачни настани, годинава имаше многу корисни интервјуа со доктори, љубовни приказни на познати и непознати парови, инспиративни и успешни Македонци, но и многу други животни стории, како и вести кои малку го разубавуваа секојдневието. Топ 100 најчитани на CRNOBELO.com за 2025.

Понекогаш, колку и да се трудиме да ве „бомбардираме“ со добри вести, трагедиите се присутни во секојдневието, а оваа година ја одбележа најголемата трагедија која ни се случи, пожарот во Кочани.
Многу животи беа изгубени, многу судбини беа прекинати и еден период, како сè останато да запре.
Но, нашата цел е сепак да пробаме колку што е можно повеќе да го обоиме секојдневието со шаренило од вести, во кои ќе има и доза позитива.
Од интервјуа со доктори кои зборуваат на разни теми, до инспиративни личности, успешни Македонци тука но и низ светот, приказни за љубовта и животот, квизови преку кои се забавувате и учите, факти за настани, случувања или личности... тука сме за да ви го направиме денот поубав и поисполнет.
Во продолжение издвојуваме листа со топ 100 најчитани статии за 2025 година на CRNOBELO.com, почнувајќи од најчитаната.
Потсетете се на сите што сте ги пропуштиле со кликање на насловот што ве интересира:
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат додека ме злоставуваше“

Стана мајка на 42 години, завршила во кревет со колега додека сопругот ја барал - Се сеќавате ли на Тамара Грујиќ?

Моника од Струга го победи ракот на грло на матката: „Крвавењето меѓу два циклуса ми беше сигнал дека нешто не е во ред“

Исидора, вереницата на Марио од 2Бона, за CRNOBELO: „Родена сум без матка и не можам да останам бремена - имаме ембриони за сурогат“

Д-р Ива Малахова Ѓореска, гинеколог акушер: „Тренд меѓу младите мајки е породување со царски рез, а природното е подобро“

Поранешната девојка со емотивна објава, пријателите пишуваат убави спомени за Душко Чифлиганец: „Го сакаше животот, беше полн со елан“

Тино танцуваше како Трамп, Јапонецот Котецу „растури“ на сцена - Како си поминав на Златна Бубамара ’25?

Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев дека нема да најдам љубов“

Ана Атанасиа од Неготино, шминкерка во Дубаи и Абу Даби: „Арапка ми прати хеликоптер, шминкав и принцеза“

Деспина (24) го загуби сопругот Тоше во пожарот, тој славел за новородениот син: „Да израсне во човек каков што беше ти“

Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК

Нина Ангеловска за престојот во Кина со сопругот и бебето: „Овошје на тезга се плаќа со QR код, во хотелот нè услужуваат два робота“

Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни за сурогат мајка“

Сандра Кирков за пневмонијата: „Доктор ми го виде рендгенот и врескаше ‘Ти ќе умреш ако не лежиш во болница’“

Миро Кацаров ја обожава ќерката на сопругата од првиот брак: „Ја запознав Миа на 2 години - денес сме неразделни“

Љубовната приказна на Љупка Митрова и Георги: „Знаев дека е за мене првиот ден кога го видов како ме чека на снегот во мојата уличка“

На гости кај Стефанија во Штип: Совршено уредена семејна куќа од 100m2 со модерна и впечатлива кујна (фото)

На гости кај Вера: Стан од 100m2 во центарот на Скопје, со мебел од резбано дрво (фото)

Наташа и Горан Папаз се родители на тројка: „Плачат сите наеднаш, трошиме по 24 пелени дневно, но ова е убава песна“

Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фото)

Прилепчанец ја запроси саканата на Зимзоленд во Скопје: „Ми требаше време да кажам ДА, не ми се веруваше“

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото)

Сопругата на Андреј од ДНК сподели разговор со ќеркичката кој крши срца: „Мамо јас ти требам тебе, а ти мене“

Познатите парови на Златна Бубамара ’25: Сања и Слаткар, Викторија Лоба и Ѓорѓи

Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ја врати

