Пастелни ентериери - практично и во тренд


Пастелни ентериери - практично и во тренд

Оваа сезона се наоколу е пастелно. Гардероба, аксесоари, козметика – сè е во нежни пудрести тонови. Зарем тоа не е доволна причина да ја освежите вашата соба, кујна, бања токму во овие тонови?

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-1

Овие бои освен што се навистина прекрасни, смирувачки делуваат на умот, на очите и на цел ораганизам. Ве прават посреќни и внесуваат ведрина.

Затоа, погледнете на кој начин можете да го промените ентериерот во кој живеете и да го направите поубаво место за престој.

Поженствена кујна

Кујните најчесто се во некои досадни бои, па затоа променете го тоа веднаш. Додајте бледо розови тонови на вашите ѕидови.

Сменете ги деталите како вазни, цвеќе, свеќи, чинии, крпи и чашки во овие нежни тонови на бела, кремаста и розова боја. Било која пастелна боја и да ја одберете за вашата кујна – нема да згрешите.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-9

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-6


Ретро мебел во весели бои

Вратете го шмекот на стариот мебел на кој седеле вашите баби пиејќи кафе и јадејќи слатко, така што ќе го префарбате или тапацирате во некоја смела, несекојдневна боја.

Дрвените елементи може да ги префарбате во минт зелена или светло виолетова боја, а остатокот од мебелот може да има и некоја посилна боја, како на пример циклама.

Како дополнување украсете со пернички и поставете стари вазни со цвеќе насекаде и ќе добиете своја приватна оаза за престој.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-10

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-7


Контрастни бои

Комбинирајте две пастелни, но контрастни бои за вашата спална. Убава комбинација би била зелената и жолтата боја, бидејќи овие бои делуваат смирувачки, а и лесно се комбинираат со детали.

Комбинацијата може да ја надополните со златни ламби, ѕидни часовници и полици во тој стил и ќе добиете спална како од кралска палата.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-11

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-5


Шарени комбинации

Ако имате ѕидови, ламинат или паркет во кремасти бои, можеби е најдобро да додадете некои ситници и да дојдете до шик ентериер.

Рамки за фотографии, мали вазни, чинии, книги , покривачи за мебел, пернички и слики за ѕид во разни бои можат да ја „подмладат“ вашата соба.

Сè ќе изгледа повесело, посреќно и ќе ви даде чувство како да се враќате во детството.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-12

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-4


Отмено

Виолетовата боја е кралица меѓу пастелните бои. Со оваа боја убаво се комбинира беж бојата, која ќе даде посебен шмек на комбинацијата.

Ако сакате класичен изглед на домот, отменост и ако не сакате премногу да експериментирате, ова е вистинската комбинација за вас.

Раскошен и удобен тепих, стаклена маса, класичен мебел и перничиња насекаде, нормално во виолетова и беж боја. Ви останува само да уживате.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-13

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-8


Во духот на Франција

Силни пастелни бои на ѕидовите – како на пример розова, а потоа тотален контраст на мебелот, како на пример жолти столчиња.

На ѕидовите традиционални златни свеќници, раскошни кристални лустери, големи огледала, вазна преполна цвеќе и впечатлив тепих. Љубов на прв поглед.

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-14


Мали измени

Ако не сте спремни финансиски на вакви промени, можете само да го освежите просторот со некои пастелни детали и така да најавите дека сте во тек со модата.

Можеби неколку нови пернички на каучот или нова слика на ѕидот? Или само една фотелја во нова боја и еден дел од завесите во истата таа боја?

Одберете она што вам најмногу ви се допаѓа, бидејќи пастелните бои се „must have!“

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-15

pastelni-enterieri-slatko-i-vo-trend-2

Би можело да ве интересира:

Бабини деветини или во какви глупости веруваме Кога бев мал верував во сé и сешто. Мислев дека секој старечки збор и прекор сод...
Писмо што треба да го прочита секоја жена Вие сте важни. Ако никој не ви го кажал тоа денес, го читате сега. Вие сте ва...
10 ситуации во кои сите реагираме погрешно Дали ги миете забите веднаш после јадење? А, дали ја навалувате главата наназад ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg