Месењето тесто е добро за вашето ментално здравје

Вода, брашно, квасец, вредни раце = магија. Кој не сака да се разбуди со мирисот на топол крцкав леб или меки мирисливи кифлички? Месењето и печењето е многу повеќе од професија или хоби, тоа eдноставно e љубов.

Mesenjeto-testo-e-dobro-za-vaseto-mentalno-zdravje-01.jpg

Постојат многу психолошки придобивки од правењето печива освен полната вкусна трпеза. Тоа всушност е форма на медитација која помага да се ослободите од стресот.

Месењето тесто е креативен издувен вентил кој ги топи напластените нервози.

Процесот бара посветеност и внимание, од мерењето на потребните состојки, до месењето, размесувањето, обликувањето и печењето на тестото. Доколку целосно се фокусирате на мирисот и вкусот, но и изгледот на печивата, вие целосно ѝ се предавате на активноста, се опуштате и уживате во сегашниот миг, со значително ниво на намален стрес.

Покрај тоа, правењето храна има и огромен позитивен аспект бидејќи со самото тоа што ја делите или ја давате некому, вие се чувствувате автоматски повредно, полезно, подобро.

Па, следниот пат кога ќе се почувствувате нервозни и сте под многу стрес, наместете ја престилката, фатете се за сукалото и фрлете се на месење тесто. Но, внимавајте да не изедете сé сами, терапевсткиот момент е најсилен додека правите печива, не додека ги јадете.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
10 психолошки трикови што ќе ви се најдат во секојдневието „Ако го прашате вашето дете дали сака млеко, најверојатно ќе ви рече не. Но, ако...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg