Најнеобичните знамиња на земјите низ светот

Додека голем дел од земјите на знамињата имаат само бои, неколку од нив се издвојуваат со чудни симболи и форми.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 01

Кое е значењето на едни од најнеобичните знамиња во светот?

Мозамбик

Кога станува збор за национални знамиња, никој не може да се спореди со знамето на Мозамбик.

Ова знаме е украсено со пушка (калашников) која ја симболизира одбраната и будноста, а отворената книга ја симболизира важноста на образованието, додека мотиката го претставува земјоделството.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 02

Бутан

Општо познато е дека змејот е важен симбол за многу азиски земји, но Бутан е првата земја што го ставила змејот на националното знаме. Митскиот змеј прикажан на знамето е Друк, легендарниот змеј кој го држи дијамантот наречен норбу.

Жолтата боја ја означува граѓанската традиција на таа земја, додека портокаловата го претставува будистичкиот спиритизам.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 03

Кенија

Масаискиот штит, кој ја зазема централната позиција на знамето на Кенија, ја претставува одбраната на оваа земја.

Црната боја ги симболизира луѓето од Кенија, црвената крвта која се истурила за време на борбата за независноста, а зелената боја го претставува пејзажот.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 04

Островот Ман

Островот Ман е лоциран помеѓу Велика Британија и Ирска, а знамето на оваа држава прикажува три човечки стапала (трискелион).

Идејата е заснована според грбот на последниот викингшки крал на островот Ман, Магнус III, а симболот потекнува од античкиот келтски симбол на сонцето.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 05

Уганда

Централниот дел од знамето на Уганда е сив жерав, кој е национален симбол на оваа земја, а подигнатата нога на птицата го симболизира напредокот на Уганда.

Црната лента ги симболизира луѓето од оваа земја, жолтата африканското сонце, додека црвената боја е симбол на африканското братство.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 06

Еквадор

Националното знаме на Еквадор се состои од три бои и од исклучително сложен грб кој го зазема централното место.

Во грбот се наоѓаат: планина (Чимборазо, највисоката планина во Еквадор), река, пароброд, сонце, копје, ловоров лист и палми, како и неколку други објекти поврзани со оваа земја. На врвот на грбот стои кондор кој ја симболизира моќта на Еквадор.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 07

Гибралтар

Црвениот замок со трите кули, лоцирани на знамето на Гибралтар, го претставува Кралството Кастиља, моќното средновековно кралство лоцирано на Иберискиот полуостров.

Гибралтар се смета за порта за Медитеранот, затоа имаат  златен клуч.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 08

Велс

Црвениот змеј, познат и како велшкиот змеј, го симболизира кралот Кадвалдар кој владеел со Велс во VII век, а често бил поврзуван со змејот.

Najneobicni znaminja na zemjite niz svetot 09

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На остров во Африка помал од фудбалско игралиште живеат над 130 луѓе – Како изгледа нивниот живот? (... Островче во езеро во Кенија има помала површина од просечно фудбалско игралиште,...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“ Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...
Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља? Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во В...
Разбиваме митови: Невестата не треба да носи бисери на свадбата, затоа што ќе ѝ донесат солзи Некои веруваат дека колку бисери има на ѓерданот, толку години ќе поминете несре...
Носи само жолта облека - Кој е „жолтиот човек“ од Сирија и зошто веќе 40 години е опседнат со оваа б... На раздвижените улици во Алепо, Сирија, постои личност која ја буди љубопитноста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg