Трикови за самоодбрана кои повеќе може да ви наштетат, отколку да ви помогнат

Дали некогаш ви се случило да се движите по улица навечер и да се чувствувате непријатно и исплашено заради околината, шушкањата или некој кој ве демне?

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-01.jpg

Иако никој не посакува да се случи нешто такво, сепак треба да бидете подготвени за ситуациите кога непријатното чувство може да се претвори во кошмар.

Важно е да знаете како да изреагирате во различни ситуации и како да се одбраните ако некој ве нападне.

Постојат многу трикови кои може да бидат корисни за тие ситуации, но помеѓу нив се наоѓаат и такви кои всушност во реалноста повеќе може да ви наштетат отколку да ви помогнат.

Што треба, а што не треба да правите во ситуации на самоодбрана?

Бегање од напаѓач

Бегањето од напаѓачот не е секогаш добра идеја:

  • Напаѓачот може да е побрз од вас, а вашето бегање може да го направи уште побесен и нетрпелив, па за пократко време ќе бидете во поголема опасност
  • Предвидете дали сте доволно издржливи за долго трчање, зависно од тоа колку треба за да излезете на видно место, како и дали ќе имате сила да се борите ако има потреба
  • Немате прегледност што се случува позади вас, ако се вртите, тоа ќе ве успори, а грбот ви е изложен во случај напаѓачот да има оружје
  • И покрај ова, сепак трчањето е најдобра опција во многу ситуации, но обидете се да останете фокусирани и да трчате кон отворено место, а не да завлегувате во поскриени места

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-02.jpg

Обид за вразумување на напаѓачот

Можеби мислите дека разговорот со напаѓачот може да спречи ескалирање на ситуацијата, но тоа може да ви ги зголеми шансите да бидете нападнати.

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-03.jpg

Гледање боречки зафати онлајн

Иако има добри видеа и туторијали кои може да ви покажат основни зафати за самоодбрана, сепак не треба да се обидувате да ги изведувате првпат во таква ситуација.

Ќе се чувствувате самоуверено дека сте подготвени да возвратите удар, но тоа може да доведе до посериозни проблеми, па затоа подобро запишете се на некоја боречка вештина за да бидете физички подготвени.

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-04.jpg

Избегнување контакт со очи

Можеби некогаш ќе слушнете дека треба да избегнувате контакт со очи со напаѓачот бидејќи тоа може да го предизвика повеќе и ситуацијата ќе ескалира.

Иако во некои ситуации можеби е така, сепак доколку напаѓачот не е многу моќен, со поглед во очи може да покажете дека сте самоуверени и не се плашите, а напротив, тоа може да го исплаши него и да се откаже од намерата.

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-05.jpg

Удар во пределот на машкиот полов орган

Иако предизвикува голема болка и имате време да избегате, сепак доколку не успеете да удрите доволно силно, тоа нема да го спречи напаѓачот да ве брка и уште поразлутено да ве нападне.

Исто така, доколку за време на ударот успее да ве спречи да го направите тоа, она што следи нема да биде добро...

Затоа, правете го тоа доколку сте сигурни дека е добар момент и ќе успеете доволно да го повредите.

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-06.jpg

Преправање дека зборувате на телефон

Ова е уште еден трик кој ви дава чувство на сигурност, но ве прави понебезбедни.

Иако вие мислите дека кога напаѓачот ќе види дека наводно зборувате на телефон тоа ќе го исплаши бидејќи има сведок, всушност, тоа може да му остави впечаток дека не сте фокусирани на околината туку на разговорот, па ќе бидете лесна мета за кражба и слично.

trikovi-za-samoodbrana-koi-povekje-mozhe-da-vi-nashtetat-otkolku-da-vi-pomognat-07.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 трикови со кои ќе си ја зголемите продуктивноста без многу напор Зошто да ги помните информациите кога можете да ги запишете во планер или како п...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Како да измерите нешто, кога при рака немате линијар или метро? Со вашите дланки и прсти, но и користејќи ги димензиите на банкнотите – постојат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg