Модерна верзија на бонтон: Манири и други заборавени работи во денешно време

Каде исчезнале манирите? Зошто сме изненадени кога некој ќе ни го придржи палтото или ќе ни ја отвори вратата од автомобилот или ресторанот? Можеби затоа што еволуцијата не успеала успешно да ја заврши работата со едукација на човечката раса.

Moderna verzija na bonton Maniri i drugi zaboraveni raboti vo modernoto vreme 01

Основните правила се многу едноставни. Се работи за култура на говор, прилагодување на ситуации и манири за кои многупати се зборувало, но повторно потсетуваме на некои од најважните.

Ако сте ги заборавиле манирите или едноставно ви треба потсетување, прочитајте го текстот до краj:

- Ако повикате некој на пијалак, тоа значи дека вие плаќате. Ако кажете „да излеземе“, може да се постигне договор секој да плаќа за себе, но ако поканите некоја личност да излезе со вас и истакнете дека ја поканувате, вие треба да ја платите сметката.

Мажите понекогаш ја преземаат улогата на оние кои треба да платат, но жените знаат дека можат и треба да платат кога е потребно.

-Не одете на гости непоканети. Свртете ја ситуацијата и замислете дека некој ви тропа на врата ненајавено. Можеби сте голи, можеби веќе имате гости, можеби уживате во одморот.

Добар метод е да ги облечете чевлите веднаш штом ќе ја отворите вратата. Ако не сакате да го видите тоа лице денес, можете да кажете дека излегувате.

- Оставете го мобилниот во торбата. Навистина, ако веќе сте стигнале во тоа кафуле или сте на вечера со драги луѓе, посветете им време и внимание. На тој начин ќе покажете дека ви се важни и дека ве интересираат.

Ако константно проверувате Инстаграм, одговарате на Фејсбук пораки  и сл. тогаш дефинитивно треба да си одите дома.

Moderna verzija na bonton Maniri i drugi zaboraveni raboti vo modernoto vreme 02

- Научете да се справувате со навредите. Нападот не е најдобрата одбрана, бидејќи се спуштате на нивото на личноста која ве навредува. Смејте се и покажете дека сте над ситуацијата, и дека не ве допира тоа што го кажуваат за вас.

- Во кино или театар, поминувајте ги луѓето свртени кон нив. Никој не сака да ја гледа вашата задница.

- Мажи, никогаш не допирајте жена без нејзина дозвола. Ова значи дека не треба да ја допирате за раце, да ја допирате „случајно", за време на разговорот или да ѝ го држите грбот додека ја поминувате улицата.

Moderna verzija na bonton Maniri i drugi zaboraveni raboti vo modernoto vreme 03

- Имајте мера во сè, особено во примена на парфеми. Ако и во текот на ноќта сé уште мирисате, веројатно сте ставиле премногу парфем, а истиот бил премногу интензивен за сите присутни во вашата средина во текот на денот.

- Почитувајте ја приватноста на другите, ова важи и за вашите партнери. Како што не би било фер вашите родители да го прочитаат вашиот дневник од детство, така не треба да ги читате пораките на вашиот партнер.

- Не треба слепо да ги пратите модните трендови. Подобро е да се облечете убаво, дури и ако не е според најнова мода. Важно е да се чувствувате удобно, наместо да изгледате очајно во најновите модни трендови на официјални состаноци и средби.

- Не треба да галамите во кафулињата, да разговарате или да се смеете премногу гласно. Покрај тоа што ова е смешно, не е интересно да седите во друштво на некој што може да го слушнете на десет метри подалеку.

Moderna verzija na bonton Maniri i drugi zaboraveni raboti vo modernoto vreme 04

- Не заборавајте да се заблагодарувате, секојдневно, за мали и големи работи. На вашите најблиски, на пријатели, на соработници... Почитувајте ги нивните напори и нивната посветеност кон вас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg