10 работи кои ги правите бидејќи имате емоционални рани, а луѓето не сфаќаат

10-raboti-shto-lugjeto-ne-sfakjaat-deka-gi-pravite-bidejkji-imate-emocionalni-rani-02.jpg

6. Чувствувате премногу, а потоа ништо

Поголемиот дел од времето, вашите емоционални рани се толку болни што не сакате да чувствувате ништо. Целиот ден го минувате како рутина, правејќи ги работите од што мора и воопшто не се грижите за вашето опкружување.

Повеќе не се чувствувате среќно или тажно, туку само постоите иако однатре немате желба за ништо. Ова е всушност механизам за справување со емоционалните рани. Обидете се да ги регулирате вашите емоции.

7. Претерано размислувате за сè

Емоционалните рани ќе ве натераат да бидете несигурни за вашиот живот и претерано да размислувате за сè. Размислувате толку многу бидејќи не сакате повторно да бидете повредени.

Сметате дека е важно да контролирате сè околу вас и наместо да се чувствувате подобро, размислувањето само ви ја влошува состојбата.

8. Имате хаотичен распоред на спиење

Поради претераното размислување, навечер ви е тешко да заспиете. Вашиот ум е полн со мисли, а вечерта е периодот кога најчесто се чувствувате очајно, осамено и депресивно.

Вашиот распоред на спиење се променува и тешко ви е да спиете навечер, па се обидувате да надополните во текот на денот.

9. Не знаете ништо и се чувствувате заглавено

Емоционалните рани можат да ве направат збунети и изгубени. Ќе се чувствувате како да нема каде да одите и ќе мислите дека никој не може да ви помогне.

Ќе си кажувате толку многу негативни нешта, а вашиот ум е постојано „заплеткан“. Обидете се да ја контролирате збунетоста и да ги отплеткате мислите пишувајќи дневник.

10. Сфаќате дека треба да бидете излечени

Иако ви е тешко да им објасните на другите, се чувствувате скршено и знаете точно што ви е потребно за да бидете „излекувани“. Ќе барате начин да си го оттргнете вниманието од вашите рани, а со текот на времето ќе сфатите дека подобрувањето нема да се случи преку ноќ.

Сосема во ред е да имате емоционална рана, сè додека ја признаете. Обидете се да најдете некаква активност што ќе ве релаксира, како пишување, свирење, медитирање и спортување. На крај, без разлика колку се големи вашите рани, со текот на времето ќе се подобрите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg