7 острови кои никој не сака да ги купи

Да имате свој остров звучи навистина одлично, но сите знаеме дека за ова се потребни многу пари. Сепак, изгледа дека можете да си купите отров, и тоа по многу прифатлива цена.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-01.jpg

Постојат острови што можете да ги купите за помалку од 80.000 долари, но овие договори најчесто имаат посебни барања што не им се допаѓаат на купувачите.

Па доколку имате „вишок пари“ и би прифатиле секакви услови, можете да станете соптвеник на некој од следниве острови:

Отровите Пикабуку, Бразил

Можете да станете сопственик не на еден, туку на 6 острови со неверојатни пејсажи и уникатен див живот. Овие острови се лоцирани во реката Сан Франциско во североисточен Бразил и нивната цена е 79.500 долари.

Причината што никој не ги купил досега е тоа што со оваа сума не ги купувате островите, туку правото да ги користите во период од 99 години. Покрај тоа, ќе треба да плаќате и годишен данок.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-02.jpg

Островот Литл Роки, Канада

Овој мал отров со бели песочни плажи, зачувана природа и борова шума е заштитен од бурите и ураганите благодарение на соседните отрови.

Овде нема никаков имот, па доколку го купите островот, вие ќе бидете првите што ќе ја изградите вашата куќа од соништата.

Цената е само 74.500 долари, а најверојатно сè уште е на продажба бидејќи Канада е преплавена со приватни отрови.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-03.jpg

Островот Тиламук, САД

Ова парче земја не е остров во традиционалната смила на зборот. Тиламук е всушност карпа со светилник покрај брегот на Орегон.

Оригиналната цена на островот, кој бил продаден неколку пати, била половина милион долари, а денес е спуштена на 50.000.

И покрај огромниот попуст, постојаните бранови, многуте легенди, митови, па дури и трагедии ги бркаат потенцијалните купувачи.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-04.jpg

Островот Чендлер, САД

Овој остров со површина од 4 километри квадратни може да биде ваш за само 39.999 долари. На островот има мала кабина, а слободно можете ада си изградите и куќа.

Проблемот со овој остров е плимата – водата покрива повеќе од половина од земјиштето.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-05.jpg

Островот Мекгибон, Канада

Овој мал неразвиен остров во Канада се продава за помалку од 29.900 долари. Единствениот недостаток е тоа што секоја пролет, целиот остров се поплавува, па овде не можете да изградите ништо.

Во текот на другите сезони, островот е совршено место за кампување и кајакарење.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-06.jpg

Отровите Шип Лејк, Канада

Станува збор за три мали острови сместени во езеро. Проблемот со овие острови е приватноста – тие се оддалечени само 40 километри од најблиското рибарско село.

Па доколку го купите островот, често ќе имате посетители. Цента на островот е 50.989 долари.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-07.jpg

Форт Керол, САД

За само 31.500 долари можете да имате историски приватен остров изграден во 1848-ма година, како заштита за градот Балтимор. Сепак, има еден улов – морате да ја реновирате напуштената тврдина на островот.

Локалните бизниси се обиделе да го реновираат островот и да го претворат во хотел, центар за конференции, казино, па дури и затвор, но безуспешно.

Островот е дом на многу птици, па ако започнете со градење можете да ги избркате.

7-ostrovi-shto-nikoj-ne-smee-da-gi-kupi-duri-ni-za-mnogu-niska-cena-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Местото со најмногу духови во светот се наоѓа среде Венеција – Што знаеме за островот Повеља? Островот Повеља се наоѓа на само 10-тина минути од базиликата „Свети Марко“ во В...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg