Зошто треба да им кажеме „НЕ“ на позитивните, а „ДА“ на негативните емоции?

Звучи парадоксално, но прифаќањето на негативните емоции може всушност да нè направи среќни. Повеќето од нас слушаат како фамилијата и пријателите постојано ни велат „Расположи се“, „Гледај на добрата страна“, „Остани позитивен“.

Zosto-treba-da-im-kazeme-DA-na-negativnite-emocii-01.jpg

Понекогаш тоа е затоа што изгледаме тажни, лути, анксиозни или фрустрирани, но исто така може да се случи и затоа што изгледаме несигурни или што и да е друго што не е дефиниција за „среќа“. Иако често пати сме во искушение да им кажеме „замолчете“, сепак не го правиме тоа.

Следен пат немојте да се сопирате и кажете им го ова, но бидете пристојни. Позитивноста стана нова форма на морална исправност.

Потиснувањето или избегнувањето на тешките емоции не е здраво и не помага. Наместо тоа, она што се случува е фактот дека ја губиме способноста да се носиме со светот онаков каков што е, а не каков што сакаме да биде. Ова е поврзано со ниското ниво на отпорност, ниското ниво на добросостојба и високите нивоа на депресија и анксиозност.

Што треба да направиме?

Наместо да ги буткате настрана вистинските емоции и да покажувате позитивност сосила, еден начин да се справите со негативните емоции е правилно да ги препознаете. Најчесто луѓето користат многу црно-бели описи за тоа како се чувствуваат. Еден од почестите изрази е дека се „под стрес“.

Но, постои голема разлика од стрес до исцрпеност. Кога појасно ги дефинирате вашите емоции, тогаш помагате да се разбере изворот на тие емоции и причината за истите, а тоа го активира „потенцијалот на спремност“, односно вашата способност да си поставите цели и да направите конкретни промени.

Следно откако ќе ја дефинирате вашата емоција, прифатете ја со сочувство. Луѓето најчесто мислат дека сочувството значи слабост или лажење на самите себеси. Всушност, сочувството ви помага да создадете безбеден простор во себе, каде можете да преземете повеќе ризици.

На крај, обидете се да ја забележите емотивната причина таква каква што е вистински. Направете простор помеѓу вас и вашите чувства и обидете се да се набљудувате себеси од трето лице и да ги именувате сите состојби и доживувања. Наместо да кажете дека сте тажни, кажете си дека забележувате како се чувствувате тажно или што и да е чувството коешто забележувате дека ве обзема.

Ова ќе помогне да ги спознаете другите делови од себе, како што е вредноста на вашите намери, да се движите напред. Ова, исто така, помага да се поставите како владетел на вашите емоции. Сепак, не е најважно тоа што имате негативни емоции, туку дали ќе дозволите тие да ве обземат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg