Зак - дечкото кој се облекува во историски костими, наместо „нормална“ облека

Одвреме-навреме сите сакаме да се облечеме убаво и елегантно. За повеќето од нас, малиот црн фустан или добро сошиениот костим би биле сосема доволно, но не и за ова момче од Брајтон, Велика Британија.

zapoznajte-go-zak-momcheto-koe-povekje-ne-nosi-moderna-obleka-01.jpg

Зак Мек Леод Пинсент е 25-годишно момче од Брајтон кое не е фан на модерната облека. Многу години тој носел „нормална“ облека, но ја мразел секоја секунда од тоа. Па, решил да научи да шие и самиот да почне да си прави историски костими.

Денес Зак не само што не носи, туку не поседува ниту едно парче модерна облека.

Сето ова започнало со церемонијата на спалување на негативот последен пар фармерки кога имал 14 години. Оттогаш до денес, тој носи само историски костими.

Иако за многумина ова е можеби чудно, Зак верува во својот избор и не му е грижа за мислењето и коментарите на другите. Сепак, најважно му е да се чувствува добро во својата кожа.

Со оваа самодоверба, Зак дефинитивно не планира да им се врати на старите навики за облекување, барем не во скоро време. Луѓето воглавно покажувале интерес и ценење за она што го прави. Некои дури и плаќале за тоа, па Зак добил можност да го претвори своето хоби и во кариера. Но Зак е скромна личност и вели дека не знаел како се случило тоа.

Ова момче прави машка и женска облека од 1660-тите до 1920-тите, а добива порачки дури и од САД.

Во продолжение можете да погледнете дел од неговите навистина необични, но за него секојдневни комбинации:

Извор

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg