Тест за девојки: Колку сте секси?

test-za-devojki-kolku-ste-seksi

Кое е вашето главно оружје во освојување на мажите, таинственоста, животната радост, нежноста или силата на карактерот?

1. Поминувате покрај градилиште. Работниците свиркаат и ви довикуваат. Што ви поминува низ главата?
А) Очигледно сум многу секси, но искрено речено тоа и го знаев.
Б) Се прашувам кога ќе можеме ние жените да им свиркаме на мажите?
В) Мажите се супер – веднаш ме расположуваат.
Г) Тие и не знаат кому му свиркаат. Среќа што не знаат која сум.

2. Која од следните ситуации го поткрева нивото на вашата самодоверба?
А) Кога ќе излезете во фустан во кој совршено изгледате и сите се вртат по вас
Б) Ако сте поцрнеле и сте се вратиле освежени од годишен одмор
В) Ако седите со пријателите во ресторан каде што владее добро расположение
Г) Ако на седенка чуете дека се зборува за вас

3. Кога маж прв пат ќе ве посети во вашиот дом и делува прилично несигурно, што ќе направите?
А) Ќе го бакнете страсно и ќе му дозволите да ве гали
Б) Ќе започнете разговор за некоја актуелна тема
В) Ќе го прашате дали повеќе би сакал пијалак или би сакал да ја погледне спалната соба
Г) Долго ќе го гледате во очи знаејќи дека нема да може да му одолее на вашиот поглед

4. Се чувствувате привлечно кога....
А) Носите фустан со длабоко деколте или тесно припиени пантолани
Б) Ако на себе имате фармерки и тесна маица
В) Ако едноставно делувате женствено
Г) Ако знаете да делувате истовремено секси и недопирливо

5. Кој машки комплимент најмногу ве возбудува?
А) Ти си неодолива
Б) За мене преставуваш најголем предизвик
В) Покрај тебе се чувствувам многу пријатно
Г) Секогаш за мене ќе останеш мистерија

6. Во која ситуација замислувате дека мажот сигурно ќе ви изрази љубов?
А) Излегувате голи од морето
Б) Сте се качиле со него на врв од планина, исцрпени сте и среќни
В) Го сервирате неговото омилено јадење во релаксирана атмосфера
Г) Го чувствувате неговиот поглед – и само таинствено се смешкате

7. Ако сте актерка, кои улоги би ги глумеле?
А) Комични, на пример, Мерлин Монро во филмот „Некои тоа го сакаат жешко“
Б) Карактерни
В) Улоги на срдечни жени – како Жилиет Бинош во „Англискиот пациент“
Г) Улоги на таинствени и еротични жени – како Шерон Стоун во филмот „Ниски страсти“

8. Што е за вас најдобар подарок кој би можеле да го добиете од саканиот маж?
А) Покана за вечера во некој елитен ресторан
Б) Егзотично патување
В) Викенд во некој романтичен хотел
Г) Скап парфем или еротска долна облека

9. Што според вашето мислење е најпривлечно кај вас?
А) Градите и задникот
Б) Веселоста и темпераментот
В) Срдечноста и привлечноста
Г) Еротското зрачење

10. Многумина не гледаат дека вие сте....
А) Во суштина меланхолична и романтична личност
Б) Многу топло и чувствително суштество
В) Интелигентни
Г) Верни

11. Кој доказ на нежност најмногу ви се допаѓа?
А) Бакнеж во уста
Б) Многу страстен и предизвикувачки бакнеж
В) Кога мажот ви ги гали градите
Д) Бакнеж во врат

12. Кога сте сами дома што правите најмногу?
А) Читате некоја еротска книга
Б) Се занимавате со гимнастика и јога
В) Подготвувате некое убаво јадење
Г) Се дотерувате и се негувате

13. Како изгледа вашиот маж од соништата?
А) Како заштитник кој што има впечатливи црти и широки раменици
Б) Многу е шланк, има секси уста и делува чувствително
В) Делува паметно, но при тоа не глуми интелектуалец
Г) Делува весело, релаксирано и многу секси


Најмногу одговори A

Извор на животна радост

Вашиот сексапил се крие во речиси наивната животна радост и задоволство со сопствениот изглед. Сметате дека погрешно ве процениле ако во вас гледаат површно суштество. Само мал број мажи ќе може да видат дека ви е потребна заштита. Би морале да бидете повоздржани бидејќи копнеете за маж кој од вас не бара само секс туку треба да биде тука и кога работите ќе тргнат надолу.


Најмногу одговори Б

Борбениот дух е вашата сила

Вашата љубопитност и динамичност ги привлекува мажите затоа што со право заклучуваат дека со вас никогаш не е досадно. Вие не делувате како комплицирана личност што на мажите им е многу важно. Кај вас се гледа дека сакате акција, само вашата нежна страна не е доволно изразена ниту пак се гледа дека од партнерот барате романтика. Ако сакате мажите да ве видат во вистинското светло немојте секогаш да се однесувате и да се облекувате лежерно. Елегантниот фустан, новата фризура и шминка ќе ве направат уште попривлечни.


Најмногу одговори В

Тивко пристаниште

Вие сте вистинска жена и тоа го гледа секој маж. Го привлекувате спротивниот пол затоа што мажите сметат дека покрај вас може да бидат сигурни. Вие нема да ги критикувате ако згрешат. Вие сте сексапилни благодарејќи на тоа што се сакате себе си и што размислувате што би можеле да смените. Ве навредува фактот што некои сметаат дека вашата интелигенција не е важна бидејќи баш таа ја дава длабочината на вашата привлечност. Немојте секогаш да делувате заштитнички. Придружете му се на интересниот разговор, предложете нешто возбудливо, покажете ја другата страна.


Најмногу одговори Г

Вие сте магична жена

Ги „побудалувате“ мажите затоа што делувате недопирливо. Во светот на егзибиционизмот и отвореноста вие сте речиси магична жена. Мажите не ги привлекува само она што го гледаат, туку и она што е скриено. Фатални сте. Мажите чувствуваат дека имате повеќе искуство отколку што се гледа на прв поглед. За жал, тоа кај многумина предизвикува страв, бидејќи се плашат дека не ви се дораснати. Според тоа, направте го првиот чекор, отфрлете ја својата недопирливост и бидете нежни. Тоа е вистински сексапил.

Би можело да ве интересира:

Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...
Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg