Логичка загатка: Со кој прекинувач ќе ја вклучите сијалицата?

Во соба на кат има една сијалица, а вие сте долу, до панелот од 3 прекинувачи и сите 3 се исклучени. Само еден од нив ја контролира сијалицата. Другите две не прават ништо.

logicka-zagatka-so-koj-prekinuvac-ke-ja-vklucite-sijalicata-01

Ваша задача е да откриете кој прекинувач ја регулира светилката, но со неколку ограничувања:

1. Можете да ги исклучувате и вклучувате прекинувачите колку пати сакате.

2. Откако ќе завршите и ќе се изморите од вклучи-исклучи, смеете да се качите и да ја проверите сијалицата.

3. Не смеете да се качите и симнете повеќе од еднаш.

4. Не можете да видите од местото каде што стоите дали сијалицата е вклучена или исклучена.

Значи, стоејќи долу до прекинувачите, со едно качување и симнување, како ќе откриете со кој прекинувач се контролира сијалицата?

Ги очекуваме вашите одговори во коментарите.

Во случај да се откажете, точниот одговор се крие на следната страна.



Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Предизвик: Решете му ја маката на селанецот - како кравата да не ја испасе тревата на соседите? „Еден селанец имал ливада во облик на круг, на која не смеел да ѝ стави ограда. ...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...
Загатка за умни глави: Што купив најпрво? Дали сакате да решавате загатки и досетки? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе...
Загатка која ќе ви го размрда мозокот - Поместете едно чкорче и добијте точно равенство Дали сакате математички предизвици? Ако сакате, тогаш оваа загатка е само за вас...
Мозгалка за умни глави: Колку брзо ќе се сетите на одговорот? Дали сакате предизвици? Тогаш оваа логичка задача е само за вас. Колку брзо ќе с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg